РУСКИТЕ војници воодушевени од храброста на МАКЕДОНЦИТЕ

Рускиот гроф П. В. Алабин: – „Македонците беа најдобрите луѓе во дружините кои со својата храброст и машкост во борбите ги восхитуваа дури и нашите стари војници“о XIX век општествено-политичкиот систем во Османската империја не била способна да се ослободи од преживеаните општествени односи и да ги следи достигнувањата на современиот развој. Империјата наместо да се развива на економски и политички план, таа се повеќе станува зависна од развиените западни општества, што се одразува на внатрешен план.
Тешката општествено-економска криза која владее во седумдесетите години од XIX век, ги заострува социјалните, националните и политичките односи во Османската империја. Зголемените даноци и воведувањето на нови давачки, појавата на разбојнички банди кои вршат грабежи и убиства, како и злоупотребите на државните институции го зголемуваат незадоволството кај балканските народи кои единствен излез од петвековното ропство го гледаат во силата на оружјето.
Македонците како и другите балкански народи под османската власт, угнетени економски и политички, се подготвуваат за вооружена борба. Се формираат разни тајни групи и комитети кои набавуваат оружје и барут, но, специфичните услови во кои се наоѓа Македонија, близината на престолнината и концентрацијата на голем број на аскер, не дозволуваат незадоволството да се претвори во сенародно востание.
Насобраниот гнев на поробеното христијанско население кулминира во Европскиот дел на Империјата во 70-те години од XIX век. Први на востание се креваат народите кои се наоѓаат на периферијата на Отоманската империја. Во јуни 1875 година населението во Босна и Херцеговина се крева на оружје, а потоа во април 1876 година востанува Бугарија. Во јуни 1876 година во војна против Турција влегуваат Србија, Црна Гора, а Русија во 1877 година.
Верувајќи дека со помош на братските соседни народи и Русија, Македонија конечно ќе се ослободи од петвековното ропство, македонскиот народ желбата за слобода ја изразува со масовно учество во војната за ослободување на соседите.
Со голем ентузијазам големиот број македонски печалбари се вклучуваат како доброволци во српската и руската војска. Само во  руската армија се вклучиле околу 400 македонски доброволци од кои биле формирани неколку доброволни чети. Со еден дел од четите командувале Македонци како што се Георги Пулевски, Георги Антонов, Иљо Марков и др.
Во текот на Руско-турската војна 1877 – 1878, македонските доброволци водат тешки битки против башибозукот и редовната османска армија. Посебно се истакнуваат во борбите на Стара Планина и на Шипка во август 1877 година. По доближувањето на руската војска до Ќустендил, дедо Иљо војвода ги става на располагање своите доброволци и со заеднички сили го ослободуваат Малеш и воспоставуваат месна самоуправа која функционира два месеца.
Македонските доброволци кои се борат во српската војска, по потпишувањето на примирјето во јануару 1878 година, навлегуваат во Кривопаланечко и Кумановско. Предводени од  Никола Алгунски и Јаким Челопечки, македонските доброволци го креваат месното население на востание. Но, по склучувањето на Санстефанскиот мир, турската војска превзема енергични мерки и едвај ги завзема слободните територии во Пијанец, Кривопаланечко и Кумановско.
Рускиот општественик и публицист грофот Петар Владимирович Алабин (1824-1896), за време на Руско-турската војна (1877-1878), бил главен претставник на рускиот Црвен крст и на словенските благотворни комитети во Бугарија. Од декември 1877 година бил поставен за гувернер на Софија, по што била воведена цивилна управа.  Помага да се реализира идејата за создавањето на Софиската библиотека и музеј. Автор е на повеќе студии од областа на историја, економија и културата.
За учеството на македонските доброволци и храброста која ја покажале во борбите за ослободување на Бугарија рускиот гроф Алабин ќе забележи:
„ … Требаше да се задоволуваат уште и други потреби спрема кои не можев да се однесувам рамнодушно. На пример, кога дружините од бугарското ополчение, кои со толкава чест служеа на својата татковина што воскреснува, во многубројните битки отаде Стара Планина, на Стара Планина и на Шипка беа распуштени за да си одат дома, бидејќи беа составени исклучиво од доброволци, излезе, дека многумина од нив немаа со што да се вратат во своите места.
Најголемa потреба од парична помош имаа Македонците, кои немаат можност да се вратат на домашните огништа, зашто нивната татковина и натаму е запоседната од Турците. Меѓутоа, познато е дека Македонците беа најдобрите луѓе во дружините (и) со својата храброст и машкост во борбите ги восхитуваа дури и нашите стари војници.
Јас им раздадов на таквите Македонци за прехрана 894 франка очекувајќи ја можноста за нивното враќање во татковината…“ (Освобожленне Болгарии од турецкого ига. Т. III, стр. 296)
 
Грофот Алабин кој на 18 април 1877 година им го предава  Самарското знаме на доброволните чети, меѓу многубројните доброволци припадници на разни народи кои учествуваат во Руско-турската војна ги препознава припадниците на македонскиот народ и ги именува со вистинското име како Македонци.
Меѓутоа, одлуките од Санстефанскиот договор (3 март 1878 г.) за вклучување на Македонија во рамките на бугарската држава и потоа одлуките на Конгресот во Берлин (13 јуни – 13 јули 1878 г.) ќе предизвика огромно разочарување и експлозија на револт кај македонскиот народ. Огромната неправда која големите сили му ја нанесуваат на македонскиот народ, уште во летото го разгорува вооружениот отпор во Македонија и преминува во вистинско спонтано востание во источниот дел на Македонија.
На 5 октомври (стар стил) 1878 година 400 востаници ќе го нападнат гарнизот во Кресна, со што официјачно ќе започне Македонското востание, познато уште како Кресненско востание.о XIX век општествено-политичкиот систем во Османската империја не била способна да се ослободи од преживеаните општествени односи и да ги следи до

Пронајдете не на следниве мрежи: