Мајскиот Манифест- ОБИД за ОБЕДИНУВАЊЕ на Македонските Револуционерни ОРГАНИЗАЦИИ

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 мај 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО од една и членовите на МФО и представник на коминтерната од друга страна Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 мај 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО – Александар Протогеров, Петар Чаулев со овластување од Тодор Александров.
Со Манифестот кон македонскиот народ и македонската емиграција раководството го запознавало и јавното мислење на Балканот за претстојната борба на Организацијата за ослободување и за обединување на раскинатите делови на Македонија. Апелирало до сите револуционерни сили да се обединат за создавање единствен македонски револуционерен фронт што ќе работи и за единствен балкански револуционерен фронт
Мајскиот манифест претставувал пресвртница и нова страница во борбата на ВМРО за создавање на обединета и независна македонска држава. Манифестот во својот текст внел сосема нови формулации по однос на решавањето на македонското прашање.
Во документот, македонскиот народ се третира како самостоен народ на Балканот без секакви дилеми и теориски конфузии за неговата самобитност и врз основа на тоа се изведени правото и целите на борбата 
Манифестот произлегол од политиката на ВМРО, односно на Тодор Александров, за успешно завршување на револуционерната борба и остварувањето на замислени цели, како и од заинтересираноста на Коминтерната и Советскиот Сојуз за привлекување на македонското револуционерно движење кон меѓународното комунистичко движење и нивно заедничко делување.
ВМРО и Тодор Александров во периодот помеѓу 1919 – 1923 година, и покрај соработката со бугарските воени кругови, оставиле впечаток кај Македонците во сите делови на Македонија дека тие навистина стоеле на позициите на независност и автономност. Во овој период ВМРО, со мали исклучоци, не се мешала во внатрешниот политички живот на Бугарија, меѓутоа Организацијата имала затегнати односи со земјоделската влада на Александар Стамболиски поради неговите обиди за зближување помеѓу Бугарија иКралството на СХС. И покрај соработката со бугарските воено-политички кругови, Александров во 1922 година објавил дека ВМРО: не е против комунизмот бидејќи националната револуција не ја исклучува социјалната. Со оваа политика Александров си го отворил патот кон сите делови на Македонија и оставил простор за соработка со комунистичкото движење.
На 24 септември 1922 година во Горна Џумаја, КПБ организирала свој собир на кој таа истапила со политика за признавање и поткрепување на стремежите на македонскиот народ за самоопределеување, слобода и независност. По овој собир во Петрич биле водени разговори помеѓу Димо Хаџи Димов, како преставник на КПБ и Тодор Александров, како претставник на ВМРО. Тогаш за првпат биле воспоставени пријателски односи меѓу двете страни.
Меѓутоа се до убиството на Александар Стамболиски, разговорите помеѓу двете страни не забележале позначајни резултати, а Александров водел тактичка игра. Учеството на ВМРО во државниот преврат ја разнишал положбата на Александров и настапил процес на разочарување што водел кон ерозија на авторитетот на Тодор Александров сред македонскиот народ и револуционерно движење. Оттука Александров сметал дека само преку разговори со комунистите, односно меѓународносто комунистичко движење и соработката со него, ќе ја спаси Организацијата од распаѓање, а и себеси како фактор.
По 9-то јунскиот преврат ВМРО и КПБ започнале разговори за конкретна соработка, а двете страни биле длабоко мотивирани за договор. КПБ се подготвувала за востание против Александар Цанков, а БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Александров во соработката со комунистите гледал шанса, од една страна, за повторно зацврстување на своите позиции, дотолку повеќе што Коминтерната и БКП му го признавале правото на легитимен претставник на македонското револуционерно движење, од друга страна за притисок врз владата на Александар Цанков за добивање на позиците во Бугарија за кои мислел дека му припаѓаат со активното учество во соборувањето на Стамболиски. Меѓутоа можно е Александров преку Коминтерната да се обидувал да изнајде нов сојузник од кој би добил значајни финансиски средства и оружје и на тој начин би се ослободил од зависноста на бугарските кругови.
Уште во август 1923 година Михаил Монев, зет на Александров и Димитар Влахов ја посетиле Москва. Во декемвриАлександар Протогеров ја потпишал декларација за соработка со СССР.
Во почетокот на 1924 година во Виена започнале нови тајни разговори помеѓу ЦК на ВМРО, федералистите и претставници на советската влада. Таму македонската делегација се согласила македонската парламентарна групаод Пиринскиот крај да настапи како опозиција против владата на Цанков. Била птпишана и декларација за обединување со федералистите. По тој повод ЦК на ВМРО доделува официјален протест до премиерот Александар Цанков, во врска со преземените во март, под притисок на Југославија, апсења на околу 500 дејци на Илинденската организација и на Сојузот на македонските братство.
Јазот помеѓу владата на Цанков и ВМРО довеле до забрзување на преговорите помеѓу Организацијата и претставниците Коминтерната и МФО во Виена. На 9 април 1924 година е потпишана заедничка декларација во која се утврдени основите на идната соработка помеѓу ВМРО, федералистите и советската влада во борбата за ослободување на Македонија и формирање на Балканска федерација.
ако резултат на овие активности на 9 април 1924 година воВиена претставниците на ВМРО Петар Чаулев и Александар Протогеров, на СССР и Коминтерната Соломон Голдштајн (Черски), на БКП Никола Харлаков и Филип Атанасов одМакедонската федеративна организација потпишаа декларација за соработка.
На 29 април 1924 година тројцата претставници на ЦК на ВМРО, кои се собрале во Виена ја потпишале “Платформната декларација за обединувањето на македонското револуционерно движење”. На 30 април ЦК на ВМРО и ЦК на МФО потпишуваат и протокол за обединување на македонското револуционерно движење. Во него се изјавува дека двете организации се помируваат и се ориентираат кон создавање на единствен балкански фронт во соработка со Балканската комунистичка федерација и СССР. Протоколот предвидува обединување на двете организации да стане на заеднички конгрес, свикан според статутот и Правилникот на ВМРО.
Во таа смисла Организацијата ветила дека ќе ги прекине сите врски со бугарската влада и најавила дека ќе води борба против неговата политика. Овие неколку документи создадени од двете организации со активното посредство на советските претставници не биле предвидени за објавување.
Поради тоа ЦК на ВМРО решава да објави Манифест преку кој требало да се престават принципите за помирување. Тодор Александров отпатувал од Виена за Лондон но во присуство на Димитар Влахов ги овластил останатите двајца членови на ЦК да го потпишат во негово име манифестот.
Прелиминарните текст на манифестот, сепак, е разгледан и одобрен од тројцата членови на ЦК на организацијата уште пред заминувањето на Тодор Александров. Александров го овластил тимот за преговори, но “без да брзаат да потпишуваат”. Александар Протогеров и Петар Чаулев како редовни членови го потпишале документот на 6 мај 1924 година, а со полномошно од името на Александров го потпишале и него.
Меѓутоа Александров и Протогеров почнале да се колебаат дали да се објави манифестот и ги повикале Димитар Влахов и Петар Чаулев да се вратат во Бугарија и да ги прекинат врските со федералистите и комунистите, а паралелно ги известиле членовите на ВМРО за тајните преговори. На 18 јули 1924 година во весникот Балканска федерација е објавен мајскиот манифест, меѓутоа Александров и Протогеров со окружното № 774 официјално признале дека воделе преговори со федералистите и комунистите, но негирале дека некогаш се потпишале на манифестот.
Иако по објавувањето на Манифестот во весникот „Балканска федерација“, исплашен за својот живот, Тодор Александров го прогласил него за комунистичка измислица, фактот што дал согласност за неговото потпишување е извонредно значаен. Тоа покажува дека на Александров му било јасно дека ВМРО може да опстане на политичката сцена во македонското националноослободително движење само доколку нејзините цели кореспондираат со изворните стремежи на македонскиот народ.
Тодор Александров го платил својот потпис на Мајскиот манифест со својот живот. И не само тој. Неговото убиство било прикажано како дело на комунистите, а тоа неговиот наследник на челото на ВМРО, Иван Михајлов, во договор со националистичките кругови во Бугарија, го искористил за масакрирање на идејните членови на левицата во пиринскиот дел на Македонија и пошироко во Бугарија. Со погромот што го извршил врз не истомислениците  во македонското националноослободително движење, Иван Михајлов му нанел тежок удар на процесот на обединувањето на силите на ова движење не само во редовите на емиграцијата во Бугарија туку и пошироко во Македонија.

 Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително

Пронајдете не на следниве мрежи: