Најважен сочуван документ во Марковиот манастир претставува натписот во црквата, над јужниот влез, кој дава податоци за обновата на манастирската црква и за нејзините ктитори. Натписот ја има следната содржина: ' Се обнови овој пребожествен храм на светиот великомаченик Христов, победоносец и чудотворец Димитриј, со усрдието и грижата на благоверниот крал Волкашин со благоверната , кралица Елена и премногу љубените нивни ќерки и синови, благоверниот крал Марко и Андреаш, Иваниш и Димитар, во годината 1377Јужно од Скопје, на околу дваесетина километри, во непосредна близина на селото Маркова Сушица, со векови опстојува Марковиот манастир со црква посветена на светиот велокомаченик Димитриј Мироточив.
Поради недостиг на изворни документи, повеќе децении наназад Марковиот манастир претставува голем предизвик за научниот свет. Предмет на научните истражувања и проучувања се неговата историја, фрескоживопис, архитектура, ктиторски натпис и ктиторски композиции, како и белиот камени столпник со латински натпис вграден на јужната страна на црквата, а кој сведочи за постоењето на ова светилиште и пред неговата обнова.
Најважен сочуван документ во Марковиот манастир претставува натписот во црквата, над јужниот влез, кој дава податоци за обновата на манастирската црква и за нејзините ктитори. Натписот ја има следната содржина: ' Се обнови овој пребожествен храм на светиот великомаченик Христов, победоносец и чудотворец Димитриј, со усрдието и грижата на благоверниот крал Волкашин со благоверната , кралица Елена и премногу љубените нивни ќерки и синови, благоверниот крал Марко и Андреаш, Иваниш и Димитар, во годината 1377..
Манастирскиот комплекс го сочинуваат: добро сочувана манастирска црква од 14 век и отворен трем од 19 век;манасрирски двор; две манастирски трпезарии кои се фрскописани во 14 век, од нивната внатрешна и надворешна страна (денес во манастирот се сочувани конзервирани делови-остатоци од фрескописот);; конаци со убави чардаци; Параклис (помала црква посветена на Св.Ап.Марко); музеј, галерија за икони и други простории, воденица во манастирскиот двор и др.. Во манастирскиот двор се влегува низ стара висока дрвена порта.
Во добрите времиња манастирот бил економски многу богат со имот и стока. Тоа овозможило да се здобие со големо културно – историско богатство: стари икони, стари ракописи и книги, многу црковни предмети и реликвии.
Настапиле и тешки денови за манастирот: грабежи на икони и ракописи, на предмети со уметнички вредности, а не бил поштеден и од уривање и пожари. Од се што било однесено, денес само еден мал дел се наоѓа во музејот на манастирот, а останатите работи денес се наоѓаат во библиотеките и музеите во Белград, Софија, Виена и Москва.
Манастирската црква, според нејзината архитектура, е од типот цркви со една купола која високо се издига над кровната конструкција. На источната страна има голема олтарна апсида, а на западната – нартекс.
Манастирската црква ја фрескописале, во византиски стил, во повеќе зони, во 14 век тогашни зографи од Охрид и Скопје,, меѓу кои имало и зографи- монаси.
Претставени се илустрации од Богородичниот акатист, чудата Христови, Христовите страдања, големите Господови празници и повеќе поединечни фигури на светители, ангели, пророци, испосници и воини.
Зографите насликале и повеќе сцени од животот на Свети Димитриј-патронот на црквата. Светител кој живеел при крајот на третиот век а чии нетлеени мошти денес се наоѓаат во црквата што му е посветена нему во Солун. Насликани се и сцени од животот на Св. Никола, Св.Нестор и други светители. Во куполата е претставен Христос Седржител (Пантократор) со Небесната војска, Христос Емануил а во олтарниот куршуми, но се случило Божјо чудо, во истиот момент простор е претставена Архиереска Литургија.
Најзначајна композиција, по која е познат Марковиот манастир е фреската -Плачот на Рахила,,, жена која го симболизира плачот на витлеемските мајки за убиените машки деца до две годишна возраст од царот Ирод кој сакајќи да го погуби Христос убива 14ооо младенци.
Подоцна, во триесетите години на 19 век, на западната страна од црквата, е дограден отворен трем со парична помош на Турчинот Х,мзи паша. Тој сакал да го извади оловото од покривот на црквата за да направи Х,мзи паша станал неподвижен. Согледувајки ја Божјата казна врз себе, и опфатен од стравот Божји, тој се покајал, ја повлекол злочестата наредба со која би му наштетил на храмот па така го добил и исцелението од Бога, и од благодарност кон Бога го доизградил тремот и не само тоа туку и го заштител овој храм со камен за заштита кој стои до ден денешен лево пред самата црква.
На јужната страна од манастирската црква бил изграден параклис. Во параклисот биле насликани ктиторските портрети на кралот Волкашин и кралот Марко. Но, денес тој параклис не постои, постојат само остатоци од неговите темели а ктиторските портрети можат да се видат од надворешната јужна фасада на црквата.
Во овој манастир се одвивал интензивен монашки живот. Познато е дека во средината на 14 век овде се подвизувале дваесетина монаси. Некои од тие монаси кои тука живееле, тихувале и твореле се: Маниша зограф; ѓаконите Тимотеј , Никола, Варлаам и Радослав; јеромонасите Василиј, Теодор, Митрофан, Дамаскин и Ефрем; монах Миливој со монахињите Елисавета, Калина и Теодосија; игумените Макариј и Филотеј.
Во почетокот на 19 век игуменувал јеромонах Кирил Пејчинович од с. Теарце, Тетовско. За неговото подвизување сведочи неговиот своерачен запис кој се наоѓа на горниот дел, на првиот столб, од левата страна во црквата и гласи: „Кирил јеромонах, игумен недостоен; Марков манастир, лето Господово 1801г..„ Тука тој, надарен од Бога со даровите на Светиот Дух, црпејќи од ризницата на Светлината и Вистината,. го воведувал македонскиоит народ во верата Христова, и го описменувал да пишува и чита на својот мајчин јазик. Тогаш ја напишал и книгата ,Огледало, и основал училиште за млади.
Во средината и крајот на 19 век игуменува јеромонах Макариј од Скопје, чиј гроб денес се наоѓа лево од камбанаријата. Игуменот Макариј ги обновил конаците, како што е запишано на камена плоча вградена во ѕидот на конакот спроти црквата. Тука извесно време тихувале и архимандритот Јоаникиј Ракотински од Скопје и лесновскиот Епископ велички Гаврил Светогорец, Македонија
Денес Марковиот манастир, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан е женски манастир, во кој живеат две искушенички и една монахиња, возглавени од игуменијата Илијана. Со доаѓањето на новото сестринство во манастирскиот комплекс се изгради нов Параклис посветен на Св. апостол и евангелист Марко , се возобнови црковниот живот како и византискиот иконопис и фрескопис. Некои од послушанијата кои ги извршуваат сестрите во манастирот освен цртање икони и фрески се и плетење на бројаници и крстови како и многу други активности.
Сега, во ова духовно жариште, секој може да дојде, да се помоли, да се крсти, да се венча, да купи книга со духовна содржина, да купи икона, да слушне убави зборови за историјата на манастирот, а оној кој е жеден за Господ да биде упатен во верата Христова.
Литургискиот живот е обновен, и секој може во недела наутро и на празниците да присуствува на Божествената Литургија на соборна молитва кон нашиот Господ Исус Христос. Затоа овој манастир и денес како и наназад низ вековите ја има исто мошне значајната улога.Како голем херој во бедите те најде вселената, страдалнице, победувајќи ги незнабошците. Па, како што ја скрши Лиевата гордост а го потикна на смел подвиг Нестора, така, Свети Димитриј, на Христа Бога моли се, да ни дарува голема милост.
Јужно од Скопје, на околу дваесетина километри, во непосредна близина на селото Маркова Сушица, со векови опстојува Марковиот манастир со црква пос
Пронајдете не на следниве мрежи: