Зошто американскиот претседател Вудро Вилсон не го прифати предлогот за обединета Македонија?

Во проектот од 1919 година на американскиот научник Либиер и на британскиот новинар Баучер пишувало дека „населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко, и затоа Македонците треба да имаат своја држава и самите да си владеат“.Како што е познато, по завршувањето на Балканските војни што се воделе за наводно ослободување на Македонија, таа не само што не била ослободена, туку потпаднала под власта на нови поробувачи.
Со Букурешкиот мировен договор (28 јули-10 август 1913 год.) била поделена меѓу нејзините соседи – Грција, Бугарија и Србија, со што била разбиена геополитичката, етничката и економската целина на македонскиот народ.
Избувнувањето на Првата светска војна во Европа (1914-1918 год.) повторно го актуализирало прашањето на Македонија. Во февруари 1919 година, во текот на Париската мировна конференција (18 јануари 1919-21 јануари 1920 година), покрај другите идеи за решавање на ова прашање, се појави проектот на истакнатиот англиски новинар Џејмс Баучер.
Тој, поттикнат од членот на американската експертска група д-р Алберт Либиер, во британскиот печат ја афирмираше идејата за автономна Македонија со главен град Солун, барајќи да се прифати ставот „Македонија на Македонците“. Проектот на Либиер-Баучер предвидувал границите на идната македонска држава да се протегаат од Шар Планина на север до Егејско Море на југ и од бугарската граница на исток до албанската граница на запад.
Д-р Алберт Либиер и Џејмс Баучер дејствувале заеднички и паралелно. Д-р Алберт Лимиер во мај 1919 година поднел до Париската мировна конференција Меморандум, со кој се предвидувало решение на македонското прашање. Основната идеја била создавање автономна Македонија од деловите „освоени од Бугарија, Србија и Грција“, кои би се обединиле во една политичка целина, со што би се формирала независна држава, која „никогаш не ќе се обедини со ниту една од соседните држави“.

Во Меморандумот, д-р Лимиер вели дека „во Македонија повеќе децении се водат крвави војни“ и дека доколку „постоела вистинска желба и волја Балканот да се стабилизира“, тоа не можело да се постигне без решавање на „прашањето на Македонија, која повеќе од 25 години е крваво бојно поле“. Според него, за да може да функционира таквата политичка целина, потребна е нејзина заштита од страна на „една голема незаинтересирана сила“, мислејќи на Соединетите Американски Држави.
Џејмс Баучер, пак, во својата публицистичка дејност, залагајќи се за автономна Македонија, вели: „Населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко, и затоа Македонците треба да имаат своја држава и самите да си владеат“.
Но, на Париската конференција владее конспиративна тишина по македонското прашање и има недостиг од правда. Во Париз владее страшна тишина и тука не допира крикот ниту плачот на ова несреќно подрачје“.
Проектот на Лимиер и Баучер за автономна Македонија, „што е желба и барање на најголемиот дел од жителите на Македонија“, им бил доставен на американскиот претседател Вудроу Вилсон и на повеќе значајни британски институции. Според овој проект, ако се сака да се обезбеди идниот мир на Балканот, „новите граници на балканските држави, по можност, треба да бидат поставени во согласност со границите на националностите“.
А доколку не може да се реализира принципот „еден балкански народ не може да се стави под владеење на друг“, тогаш овој принцип може да се реализира преку самоопределување на односното население. Според авторите на проектот, овој начин на решавање на идниот мир на Балканот е „особено пожелен“ кога станува збор за Македонија поради „соперничките барања на соседните држави, кои беа причина за бескрајните страдања на оваа земја близу половина век“.
На тој начин, со Проектот за автономна Македонија, „под автономна управа, заштитено од големите сили, населението ќе биде способно да се грижи за сопствените интереси и да живее и да прогресира без вознемирувања на кои беше подложено досега“. Во Проектот се истакнува дека „откажувањето на Србија и Грција од македонската територија што тие ја окупираа во 1913 година, кога се има предвид големото проширување што го добија овие две држави сега, не ќе биде неразумно“.
И понатаму: „Солун, кој трговски е неделив од внатрешноста, природно, ќе може да стане престолнина на новата држава. Предложеното решение ќе може да ја задоволи широко распространетата желба за автономија што во Македонија и во Солун постои во изминатите години“. Меѓутоа, и покрај сите молби, декларации, меморандуми и протести на претставниците на македонскиот народ и на неговите пријатели од други земји – поделбата на Македонија извршена по Балканските војни со Букурешкиот договор од 1913 година, Париската мировна конференција ја потврди.
(Според изданието на МИ-АН, Сто македонски години 1903-2003, Скопје 2004)Како што е познато, по завршувањето на Балканските војни што се воделе за наводно ослободување на Македонија, таа не само што не била ослободена, т

Пронајдете не на следниве мрежи: