Реакција на прес на СДСМ ОО Прилеп 12.08.2015

Очигледно е дека сте исплашени затоа што немате што да им понудите на граѓаните. Исплашени сте затоа што ВМРО-ДПМНЕ е секојдневно со народот. Додека ние промовираме проекти и го реализираме тоа што сме го ветиле, вие немате никаков одговор и решение. Исплашени сте од новите фабрики во Прилеп и од стотиците луѓе кои само за една година се вработија со новите инвестиции.
Исплашени сте затоа што секојдневно има нови огласи за вработување на луѓето кои Вие ги испуштивте од работа и чии фабрики во кои работеа токму Вие ги затворивте. Доказ за нашата грижа за народот е една од најголемите инвестиции во Македонија, која му се случува на нашиот град Прилеп, а тоа е фабриката „Гентерм” во која ќе имаат можност да работат 2.000 прилепчани.
Вие ли најдовте да зборувате за ,,Македонија без кал”? Прилепчани паметат како го оставивте Прилеп за време на вашето владеење. Прилеп беше град на маргините, град со најмногу неасфалтирани улици во државата, град со најголема невработеност. Да ве потсетиме само дека за време на нашето владеење во Општина Прилеп се асфалтирани патишта во должина од над 200 километри.
Излезете пред граѓаните и покажете барем еден проект што го реализиравте во Прилеп, покажете барем една инвестиција која Вие ја донесовте, доколку сакате да поверуваат во вашите манипулации. А токму Вие г-дине Локвенец знаете што значи народот да ви одржи лекција за недоверба. Лично Вие добивте силна шлаканица од народот и тоа два пати, еднаш како кандидат за градоначалник и втор пат како носител на листа на минатите парламентарни избори.
Катастрофално ги изгубивте и двата избори и на чело со вас, како никогаш дотогаш, СДСМ ги доживеа двата најтешки порази во Прилеп. После вашето однесување на штета на Прилеп и Македонија, почекајте да видите што ви спрема народот во април следната година. Ние нема да се занимаваме со Вас затоа што освен штета Вие нема што друго да понудите.
Ние имаме поважна работа, грижата за Македонија, грижата за прилепчани, преку реализација на проекти за подобрување на животот и стандардот на граѓаните, проекти кои значат напредок на Македонија. Вие, затворени во вашите кацеларии, имајте трпение, за многу брзо време ќе видите каде е и со кого е народот, а токму народот за кого прашувате ќе ве казни како никогаш досега за погубните политики со кои се обидовте да и наштетите на Македонија и на Прилеп, затоа што народот е тој кој мери, премерува и пресекува на крај.Додека ние промовираме проекти и го реализираме тоа што сме го ветиле, вие немате никаков одговор и решение. Исплашени сте од новите фабрики во При

Пронајдете не на следниве мрежи: