Реконструкција на Центрите за социјална работа во Штип и Гевгелија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, присуствуваше на отпочнувањето на Центрите за социјална работа во Штип и Гевгелија.Спасов истакна дека штипскиот Центар за социјaлни работи е изграден во далечната 1949 година и дека несомнено е потребна реконструкција.
„Средства обезбедивме преку Светска банка  и веќе денеска започнуваме со градежните активности и очекуваме до почетокот на септември овој објект да добие сосема нов, друг модерен изглед, со нова опрема, значително подобар изглед и подобра функција.  Сосема нови, модерни и квалитетни простории во кои што граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и услуги. Меѓутоа,  и вработените да имаат значително поквалитетни услови за работа” рече Спасов.
Реконструкцијата на штипскиот Центар за социјални работи е дел од втората фаза на Министерството за труд и социјална политика, а во постaпка се уште неколку објекти низ земјaва. Во Прилеп, Битола и Охрид градежните работи се во, како што вели Спасов, во некоја средна фаза од реконструкцијата, а би завршиле во септември.
„Градежните работи се завршени во Крушево и Демир Хисар, а денеска почнуваат градежните работи за реновирање и во Гевгелија, За овој објект во Штип издвоени се седум милиони денари за сосема негова реконструкција, сосема нова енергетска фасада, нов систем за греење, видео надзор” рече Спасов.
Гевгелискиот Центар за социјални работи е сместен во објект постар од 30 години, кој после реконструкцијата исто така, ќе добие подобрени услови за работа.
Министерот за труд и социјална политика најави дека наскоро ќе почне и третата фаза за реконструкција на  објектите на Центрите за социјални работи во земјава, а во кои ќе бидат опфатени вкупно 18 центри,  а средствата се обезбеди преку ИПА програмата. Спасов вели дека во завршна фаза е и Центарот за деца со аутизам во Штип, а наскоро ќе почне и реконструкцијата на 12 Центри за вработување во државата, меѓу кои и штипскиот Центар за вработување. Спасов истакна дека штипскиот Центар за социјaлни работи е изграден во далечната 1949 година и дека несомнено е потребна реконструкција.

Пронајдете не на следниве мрежи: