Целосни модни трансформации во „Сакам, посакувам или бегам“ на TLC

11 јули со почеток во 20 часот | TLC каналНа многу жени им е тешко да го пронајдат модниот стил кој им одговара, или пак заглавуваат во одреден период од нивниот живот со облекувањето. Со нивниот начин на облекување, пренападните бои и прекратки или преголеми парчиња облека во права смисла на зборот си го одредиле животниот пат, за жал во погрешен правец. Познатата стилистка Стејси Лондон и TLCканалот одлучуваат преку серијалот ,,Сакам, посакувам или бегам‘‘ да им покажат на жените како на нивниот стил реагираат другите луѓе и како ги доживуваат само поради начинот на облекување.

Стејси Лондон има за задача во серијалот да им помогне на овие жени да оформат нов стил на облекување поради кој на улица луѓето би вртеле глава, но не од осудување или жалење туку поради воодушевување. Исто им покажува како нивниот дотогашен избор на облека влијае на нивниот секојдневен живот, и од случајно избраните испитаници бара да ги оценат со “сакам”,”посакувам” или ”бегам”. Сите учеснички ќе мораат да се решат од сите нивни надградби и да се вратат на природниот изглед. Низ трансформативниот процес и крајниот резултат на многу од нив животот им тргнува во сосема нов, подобар правец.
Проследете ја првата епизода на ,,Сакам, посакувам или бегам‘‘ на 11 јули во 20 часот на TLC.На многу жени им е тешко да го пронајдат модниот стил кој им одговара, или пак заглавуваат во одреден период од нивниот живот со облекувањето. Со н

Пронајдете не на следниве мрежи: