Летни активности на КЦ „Александар Македонски“

Конгресниот Центар Александар Македонски ова лето започна со интензивни летни активности кои нудат едно културно-забавно освежување под ведрото Скопско небо.Проектот „Скопска летна сцена“ претставува еден чин на музичко оплеменување на летните скопски вечери. Преку поставување на оваа сцена, се овозможува простор за настапи на повеќе истакнати музички групи од градот и пошироко. Воедно оваа сцена претставува алтернативно место за музичка забава на граѓаните на Скопје. Отворено за сите генерации, под ведро небо се планираат настапи во текот на целото лето. Минатата недела имавме можност да ги чуеме синхронизираните и енергични „Лабаво Лавабо“ во понеделник, додека во четвртокот настапија младите „Марлон Брандо“, чијшто вокалист и фронтмен со својата театралност и смисла за хумор непрестајно не забавуваше.  Во текот на ова лето се планираат уште многу музички состави, индивидуалци и музички ансамбли од земјата и странство, кои ќе продефилираат на скопската летна сцена. Се очекува овој проект, во склоп со проектот „Скопски Улични Музичари“ да допринесе за културно оплеменување на градот.
Во склоп на проектот „Скопски улични музичари со рок свирки“, проект исто во организација на КЦ А. Македонски покровителство на Град Скопје, продолжуваат со настапи секој петок и сабота, со почеток од 20:00. Изминатиот викенд настапија Chillplay и Онија Блузерине кои направија одлична забава за минувачите.
Целта на овој проект е да се понуди музичка разонода за сите заинтересирани граѓани, како и за случајните минувачи. Овој петок ќе не забавуваат Марлон Брандо а во сабота Chillplay со почеток од 20:00 часот.
Традиционално и оваа година, КЦ А.Македонски во склоп на Скопското Лето ќе биде домаќин на два исклучително интересни настани. На 13 јули (понеделник) настапува танцувачката група “Аглаја” – Белгија, со перформанс од 21:00 часот на летната сцена на платото, додека на 30 јули (четврток) ќе настапи фолклорниот ансамбл „Quartiere Villanova“ – Сардинија со почеток од 20:30.
Со ова збогатување на културните содржини во градот се стремиме кон поттикнување на урбаното и културно живеење преку поддршка и афирмација на младите уметници кои допрва треба да остават свој печат.Проектот „Скопска летна сцена“ претставува еден чин на музичко оплеменување на летните скопски вечери. Преку поставување на оваа сцена,

Пронајдете не на следниве мрежи: