3-ти јули Меѓународен ден без пластични ќеси

Денеска се одбележува меѓународниот ден без пластични ќеси и по тој повод Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ ги повикува граѓаните да ги напуштат навиките за користење на штетните пластични ќеси. Потсетуваме на старите времиња кога нашите баби и дедовци со платнени торби ги завршуваа своите домашни обврски.За враќање на старите навики го направивме предизвикот „Една недела без пластични ќеси“ и од 3 јули една недела ги предизвикуваме граѓаните да не користат пластични ќеси.
Со ова Македонија се приклучува во светската акција против користењето на пластични ќеси водена од „Let’s do it World“ и „Zero Waste Europe“.
Зошто треба да размислуваме одговорно за пластичните ќеси:
– пластичните ќеси се втор најзастапен отпад во животната средина
– во Македонија се употребуваат половина милијарда пластични ќеси годишно
– пластичните ќеси се отпад кој тешко се управува и најчесто завршуваат насекаде околу нас: во водата, воздухот и почвата
– штетните состојки на пластичните ќеси ги уништуваат природните ресурси
Цели на акцијата се подигнување на свеста за штетното влијание од употребата на пластичните ќеси и со тоа да допринесеме за почиста и поздрава животна средина и да ја поттикнеме употребата на алтернативи на пластичните ќеси.
Предизвикот се прифаќа на следниот линк
https://www.causes.com/campaigns/94064-e
Искуства од некористењето на пластичните ќеси граѓаните ќе може да ги споделуваат на Фејсбук страницата на „Ајде Македонија“- facebook.com/LetsdoitMacedonia и на нивните профили преку користење на ознаката #plastikastop.
Досега предизвикот од јавните личности го имаат прифатено: Слаткар, Весна Петрушевска-Бејби, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Ирена Спировска, и други.За враќање на старите навики го направивме предизвикот „Една недела без пластични ќеси“ и од 3 јули една недела ги предизвикуваме

Пронајдете не на следниве мрежи: