КАКО КОБИ, СЕРЕНА И ДРУГИТЕ СПОРТИСТИ ОД ZOOM ЛЕГИЈАТА ТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ ДА СТАНЕШ ПОБРЗ

Новата кампања на Nike , “Пронајди Ја Својата Брзина” се состои од екипа врвни спортисти која има за цел да го инспирира секого да го истрча својот најбрз километар.Како што знаат сите кои редовно трчаат, да се стане побрз не е лесно. Nike кампањата “Пронајди Ја Својата Брзина” ги спојува заедно најбрзите светски атлети за да ги инспирираат спортистите да трчаат или да тренираат со својата најголема брзина ова лето. Без разлика дали се подготвувате за својот прв километар или се обидувате да го надминете својот личен рекорд, вие ова лето ќе бидете инспирирани да станете побрзи.
 
За музиката во видео спотот  за кампањата “Пронајди ја твојата брзина” се погрижи Нил Бренан, ко-креатор на Шапел шоуто (The Chappelle Show), а во брзите испреплетени секвенци  се појавуваат Мајкл Џонсон – еден од најбрзите луѓе на планетата, Шели-Ен Фрејзер-Прајс – најбрзата жена на светот, најбрзата реклама со Коби Брајант, светски познатиот магионичар Дејвид Блејн, Брзата Птица Итрица и пар од најбрзите Nike патики за трчање –  Nike Air Zoom Elite 8.
 
“Да се биде брз може да значи да се победи противникот на лице место или да не му се дозволи да ја заземе посакувана позиција“ – објаснува Коби Брајант за важноста на брзината на кошаркарскиот терен.
 
Многу од овие спортисти тренираат или се натпреваруваат со патики со Nike Zoom Air технологија. Nike Zoom Air Elite, кои се омилени кај врвните тркачи затоа што им овозможуваат да ја постигнат својата најголема брзина, ја имаат главната улога во рекламата.
 
 
 
 
Толку се брзи, што доаѓаат со воздушно перниче
 
„Сè во врска со моето тренирање е поврзано со брзина. Дури и кога ги повторувам тренинзите трчање на 300 метри, или кога кревам тегови, јас размислувам за брзината. Пробувам сè да правам брзо бидејќи колку побрз можеш да бидеш во тренингот, толку подобро за тебе како тркач“, вели Шели-Ен Фрејзер-Прајс
 
ПОКАНА ЗА ТРЧАЊЕ
 
Светот сигурно ќе забрза кога спотот за Nike  ќе биде пуштен во јавноста на 2ри Јули, и Nike + заедницата ќе се фокусира ова лето на брзината. Ги покануваме сите спортисти да започнат да добиваат на брзина со апликациите Nike+ Run Club и Nike+ Training Club. Потоа на 30ти август, ќе бидете подготвени да трчате најбрзо што можете, заедно со најелитните светски спортисти, кои ќе се натпреваруваат на Светскиот натпревар во трчање во Пекинг.
 
„Nike од секогаш бил бренд кој е во служба на спортистите. И додека секој спортист сака да биде побрз, не секој од нив ги има потребните алатки и опрема за да го постигне тоа. Нашата кампања “Пронајди ја Својата Брзина” има за цел да обезбеди потполна инспирација и иновативност потребни на спортистите да трчаат, тренираат и да играат побрзо со Nikeпроизводитe, дигиталните апликации и специјалните настани за поддршка“ вели Адам Рот од Nike.
 
NIKE+ RUN CLUB ПРЕДИЗВИК: ПРОНАЈДИ ЈА СВОЈАТА БРЗИНА
 
Брзината е составен дел во секоја Nike+ Run Club тренинг програма. Тренерите од Nike + клубот развија осум неделна програма, која ќе помогне секој да може да го истрча најбрзиот километар, без оглед дали е почетник или веќе истрениран тркач. Програмата вклучува вежбање, музика за мотивација и стручни совети со цел да ве направи побрзи и подобри. Покрај тоа, не трчате сами – познатата птица од Road Runner, заедно со своите пријатели ќе го диктираат темпото и ќе додадат малку (повеќе) забава на вашиот тренинг со секоја измината недела.
 
NIKE+ TRAINING CLUB ПРЕДИЗВИК: ПРОНАЈДИ ЈА СВОЈАТА БРЗИНА
 
Шест професионални Nike мастер тренери ги здружија своите сили за да го лансираат фитнес предизвикот кој ќе трае 12 недели за апликацијата Nike+ Training Club (NTC). Предизвикот: Пронајди ја Својата Брзина NTC, специфично е дизајниран за да ја подобри брзината, силата и агилноста низ разновиден сет дневни вежби.
 
Предизвикот започнува на 6ти јули како и првиот тренинг на првиот Мастер тренер, a тренингот на Мари Пурвис, наречен како “спремен-на позиција-ZOOM” (ready-set-ZOOM), започнува на 7 јули. Потоа, на секои две недели ќе биде лансиран нов тренинг од различен Nike Мастер тренер, нагласувајќи ги различните видови на тренинг кои треба да ве подготват да бидете побрзи, како на пример тренинг со висок интензитет, јога и тренинг за зголемување на силата.
 
На 30ти август, ќе бидете предизвикани да трчате најбрзо што можете заедно со Nike+Run Club и елитата светски спортисти забрзувајќи кон победата во Пекинг. Информирајте се за Предизвикот: Пронајди Ја Својата Брзина преку следење на известувањата од Nike sport feed на NTC апликацијата.
 
Летото секогаш поминува брзо , но ова лето, тоа може да биде уште побрзо.
 
 
 Како што знаат сите кои редовно трчаат, да се стане побрз не е лесно. Nike&

Пронајдете не на следниве мрежи: