Среќата е наклонета кон жените играчи на НовоЛото 7/34

По измината половина година, според податоците за добитниците на поголемите добивки во 2015-та, се чини дека среќата оваа година е повеќе наклонета кон жените играчи на играта на среќа НовоЛото 7/34, која ја нуди најголемата добивка во Македонија.Во 2015та заклучно со 50-тото коло постигнати се три премии седумки од кои две се на добитнички од Скопје (втората 7-ка во 2015та со вредност од 100.000 евра е постигната во 11-то коло, а третата вредна 120.000 евра, во 50-тото коло).
Во 50-тото коло постигнати беа и две добивки 6+1 (од по 20.000 евра), од кои едната е на добитничка од Македонска Каменица која уплатила во Скопје, а втората на добитничка од Кавадарци. Покрај добивките 6+1 во 50-тото коло постигнати се и седум добивки за 6 погодоци, од кои четири се на жени редовни играчи на НовоЛото 7/34.
Од Лотарија на Македонија поразговараа со добитничките и сите споделија слични информации. Интересно е што сите изјавија дека желбата за играње Лото ја наследиле од своите татковци.
Сите сегашни добитнички се редовни играчи и ретко пропуштаат коло. На играта ѝ приоѓаат од забавна страна и сакаат да ја следат ТВ емисијата со извлекувањето, пред нивната омилена ТВ серија. Ниту една од добитничките не знае да прави систем и не бара логика и математика во изборот на броеви. Броевите за добитните комбинации ги пишуваат најчесто на брзање и по интуиција. Не се врзуваат за едно матично место за уплата, туку уплаќаат каде во моментот им е најблиску, согласно нивните бројни обврски. Случајно запишуваните броеви им носеле радост и во колата кога биле извлекувани само по три од нив. Никогаш немале очекување за голема добивка, а биле задоволни и кога имале 4 погодоци со кои им се враќал влогот.
Од Лотарија на Македонија поразговараа и со лица од продажните среќни места кои потврдуваат дека забележуваат сѐ повеќе жени играчи на НовоЛото 7/34, додека поголемиот дел претставници на машкиот пол, со чест на редовните Лото играчи, избираат инстант лозови, за брзо дознавање на добивката.
Жените играчи на НовоЛото 7/34 се сѐ побројни, играат лесно и од забава, без очекувања и ретко пропуштаат да уплатат барем две комбинации со бројки кои ги пишуваат по интуиција.
Ова се секако интересни податоци кои се на страната на сѐ поголемиот број жени добитнички на премии на играта НовоЛото 7/34, а што ги охрабрува и сите кои до сега не се вклучиле во игра, да одвојуваат мала сума за забава со бројки, која може да им донесе и вредни добивки.Во 2015та заклучно со 50-тото коло постигнати се три премии седумки од кои две се на добитнички од Скопје (втората 7-ка во 2015та со вредност од 10

Пронајдете не на следниве мрежи: