Дружба со Ана Јовковска во Клуб Матица

Кој рече дека нема интерес за книги? Кој рече дека компјутерите, таблетите и мобилните телефони ја надмудрија книгата? Кој рече дека луѓето не го препознаваат убавиот и силниот збор? Заради голем интерес за книгата „Пулсот и времето“ на новинарката Ана Јовковска, чест ни е да ве поканиме на дружба со авторката „На ТИ со АНА ЈОВКОВСКА“ и потпишување на книгата на 2 јули 2015, ЧЕТВРТОК, од 18:00 до 20:00 часот во книжарницата Матица – Булеварот на книгите на ул. Климент Охридски бр: 23.Средбата со Ана е како…
пливање кон брегот на вистината,
допир со реалноста,
натпревар со љубовта,
казна за суетата,
рандеву со болката,
вадење маски,
нуркање во најдлабокото,
соочување со сопственото,
разбирање на туѓото,
егзистенцијален шах со животот,
наоѓање детелинка со пет листа…
Нејзината срдечност, креативност, професионалност и луцидност ги соголи и најтврдокорните интелектуалци и јавни личности – писатели, актери, уметници, професори, дипломати и политичари. „ПУЛСОТ И ВРЕМЕТО“!
Таа не е само книга! Таа е ОПШТЕСТВЕНАТА СОВЕСТ! Огледалото на секој од нас!
Рецензенти на книгата се проф. Елизабета Шелева, проф. Ферид Мухиќ, Никола Ристановски, проф. Венко Андоновски, Дејан Дуковски и проф. Александар Прокопиев.
„Најубавиот дел од процесот е да учиш како на луѓето да им читаш од очите, наместо од зборовите. Јас бев нивното огледало, а тие моето“ – Ана Јовковска, авторка на книгата „Пулсот и времето“.Средбата со Ана е како…
пливање кон брегот на вистината,
допир со реалноста,
натпревар со љубовта,
казна за суета

Пронајдете не на следниве мрежи: