Аеродромецот Марко направи документарен филм за „Мизар“

Марко Џамбазоски, музичар во алтернативниот рок бенд „Визија“, неодамна направи краткометражен документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“, кој е студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за Филмска и ТВ монтажа.Приказната на филмот ги обработува почетоците на Мизар и трнливиот пат, во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура. Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видео материјали од бендот, од кои еден дел се демо-снимки, а други се земени од архивата на МРТВ.
Целокупната приказна во филмот е базирана на сеќавањата на членовите на Мизар од тој период, и тоа на Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Горан Таневски, Илија Стојановски и Слободан Стојков. 
Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање. Филмот досега бил дел од неколку интернационални филмски фестивали како што се: Стариград  Пакленица (Хрватска), ДОРФ (Хрватска), Скопски филмски фестивал (Македонија), Македокс (Македонија), КРАФ (Србија), Ориго (Србија).Приказната на филмот ги обработува почетоците на Мизар и трнливиот пат, во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните&n

Пронајдете не на следниве мрежи: