Илјадници присутни на спектаклот во дворот на Парк Резиденс

Парк Резиденс во соработка со Фон Универзитет ја организираа 5. по ред „Фабрика на знаење“ и самиот настан кој се одржа вчеравечер беше еден од најголемите настани кои ќе ја одбележат оваа 2015 година со илјадници присутни. Настанот се оддржа во дворот на Парк Резиденс и Брик Бар, во пријатна и романтична атмосфера.Оваа петта, јубилејна година вклучува нови 120 студенти, 20 професори и асистенти, во пет нови проекти по два конкурентни тима кои вчеравечер ги претставија на јавноста своите решенија пред нарачателите од реномираните деловни субјекти.
Студентите на ФОН Универзитетот го презентираа она што го знаат и умеат, а потоа следеше и шлагот на вечерта, односно целовечерниот акустичен концерт на Нокаут. Интересни детали го проследија целиот концерт и настан, присутните се разладуваа со нивниот омилен пијалок додека гладните беа изненадени со хот дог.
Крајот на вечерта беше украсен со лентерни кои беа пуштени во небото, а присутните воодушевени уживаа во приредените изненадувања. Парк Резиденс вложува во младината и нејзината иднина и се надева дека ќе биде дел од уште многу вакви настани понатаму.Оваа петта, јубилејна година вклучува нови 120 студенти, 20 професори и асистенти, во пет нови проекти по два конкурентни тима кои вчеравечер

Пронајдете не на следниве мрежи: