Сѐ е подготвено за Златните Денови во Кратово!

Уште само неколку часа до почетокот на Златни Денови Кратово. Сѐ е подготвено за овогодинешното издание на оваа манифестација која викендов ќе ги собере најдобрите музичари од Балканов и Македонија на едно место.Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе по хотелите и апартманите. Очигледно, овој викенд сите правци водат во градот на мостовите и кулите. Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто овие денови треба да се биде во Кратово.
Официјалниот почеток на вечерната петочна програма е закажан за во 20 часот и 30 минути, која ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска.
Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.
Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот Х ФАКТОР, Боби Мојсовски, Давид Темелков, ИВА и Night Control, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на Евровизија.
Оваа вечер на главната бина ќе можеме да уживаме и во енергичниот настап на Куку Леле.
Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде по 01:00 часот ќе настапат ДЈ Дела, ДЈ Жак и ДЈ Кокс.
Директен пренос од Златни Денови Кратово ќе има на Сител Телевизија.
За детални информации може да ја погледнете и Фејсбук Фан Страната на Златни Денови Кратово 2015.
Само за потсетување, Златните Денови Кратово започнуваат на 26-ти и траат сѐ до 28-ми јуни. Сите правци викендот водат кон Градот на мостовите и кулите, Кратово.
Во прилог, погледнете ја видео поканата на Боби Мојсоски, кој вечерва ќе настапува на сцената во Кратово:

Боби Мојсовски патува накај Кратово за вечерашниот настап со сите Х-Фактор ѕвезди. Кандидатите од најгледаното музичко ш…
Posted by Zlatni Denovi Kratovo on Friday, June 26, 2015

Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе по хотелите и апартманите. Очигледно, овој викенд сите правци водат во градот на мостовите и кулите

Пронајдете не на следниве мрежи: