Информација за соработка со Воениот музеј во Стокхолм

Државниот архив на Република Македонија, на иницијатива на Воениот музеј во Стокхолм и со посредување на г-ѓа Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска, започна со подготовка на изложба со наслов „Македонија 1914“. Оваа изложба е по повод одбележувањето на 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна.Воениот музеј во Стокхолм започна со одбележување на овој јубилеј во втората половина на 2014 година, преку претставување на изложбите на Австрија, Холандија и Србија, а во моментов во подготовка се изложбите на Русија, Bелорусија и Чешка. Планирано e изложбите на оваа тема да се одржуваат во текот на четири години, како симболика за периодот на траењето на војната.
Изложбата за Македонија би се реализирала во периодот од ноември 2015 година до февруари 2016 година, а целта е преку истата да се претстават политичките, културните и економските состојби во Македонија во периодот на Првата светска војна, настаните кои претходеле на тој период, како и учеството на мкедонскиот народ во војната.
Оваа изложба е одлична можност за вклучување на Државниот архив во одбележувањето на 100 годишнината од Првата светска војна преку презентирње на архивските документи што се чуваат во депоата на Архивите во Македонија. Воениот музеј во Стокхолм започна со одбележување на овој јубилеј во втората половина на 2014 година, преку претставување на изложбите на Австрија,

Пронајдете не на следниве мрежи: