Промоција на книга на Ана Јовковска во Штип

Почитувани,Ве каниме на нетипична и жанровски разиграна промоција „На ТИ со Ана Јовковска во Штип“ на нејзината книга „ПУЛСОТ И ВРЕМЕТО“ на 24 јуни 2015, среда во 19:30 часот во Дом на млади, Штип.Монографската збирка „ПУЛСОТ И ВРЕМЕТО“ на Ана Јовковска е повеќе од книга…тоа е ОПШТЕСТВЕНА СОВЕСТ! Огледало на секој од нас! Духот од Аладиновата ламба на едно време!Низ огледална рефлексија со промоторот и рецензент Александар Прокопиев (писател и професор) Ана Јовковска (новинарка, тв водителка, активистка и хуманистка) за прв пат ќе одговара на прашања кои им ги поставувала на нејзините гости во ТВ проектот „ПУЛС“. Духовно и емотивно разголена, низ интерактивен однос со публиката, Јовковска ќе одговара и на прашања на штипската публика.„Најубавиот дел од процесот е да учиш како на луѓето да им читаш од очите, наместо од зборовите и да им погледнеш длабоко зад зениците. Јас бев нивното огледало, а тие моето. Во секој разговор под телевизиските рефлектори, ги соголував пред нивните болки и пред општествените неправди, но се фаќав себе си уште поразголена и замислена“ – Ана Јовковска

Книгата „Пулсот и Времето“ е креативна збирка на разговори со јавни личности, интелектуалци, писатели, актери, уметници, професори, дипломати и политичари. Рецензенти на книгата се: Ферид Мухиќ, Венко Андоновски, Никола Ристановски, Дејан Дуковски, Елизабета Шелева и Александар Прокопиев.Монографската збирка „ПУЛСОТ И ВРЕМЕТО“ на Ана Јовковска е повеќе од книга…тоа е ОПШТЕСТВЕНА СОВЕСТ! Огледало на секој од нас!

Пронајдете не на следниве мрежи: