Вашите омилени детски книги по намалени цени на едно место- Фестивал на детска книга во Сити мол Скопје

Од 20ти до 30ти Јуни во Скопје Сити Мол секој ден од 10:00-22:00ч ќе се оддржува Фестивал на детска книга. Очекувајте многу наслови по намалени цени од голем број на издавачки куќи од Р. Македонија (Икона, Магор, Ѓурѓа, Топер, Феникс, АрсЛамина, Темплум, Бегемонт, Антолог, Култура, Штедлер и Просветно Дело).Учество на овој фестивал зема и Проктот на УСАИД со Библиотека на тркала, која вклучува разни детски работилници и едукација за најмладите.
Покрај големата понуда на книги за деца, предвидена е програма за помладите на вториот кат, едукативно дружење и учење за животните заедно со ЗОО аниматорот Војо, разни работилници и многу активности.
Бидете дел од Фестивалто на детска книга кој е од едукативно забавен карактер, а кој има цел да ги поттикне младите да си ги набават своите омилени книги по намалени цени.
Дојдете и проверете дали и вашата или омилената книга на вашето дете, е меѓу понудените книги со намалени цени и почнете го летото со уживање.Учество на овој фестивал зема и Проктот на УСАИД со Библиотека на тркала, која вклучува разни детски работилници и едукација за најмладите.

Пронајдете не на следниве мрежи: