„Види музика, слушни слика, добиј книга“ утре во Градскиот парк

Утре, 23 јуни (вторник), во Градскиот парк со почеток во 21 часот, ќе се одржи осмото издание на традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“. 
Годинава, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“ во кој пред  присутните ќе исполнат хитови, дел од најпознатите филмувани мјузикли.
Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, додека солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска, која музичката публика ја познава како Сара Мејс.
Следејќи ја традицијата, и овој пат на огромни платна покрај сцената инспирацијата од музиката ќе ја пренесат двајца ликовни уметници. Годинава честа за тоа им припадна на сликарите Милан Андов и Стојан Ѓуриќ.
На настанот ќе бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Фигури“ од новелистот и поет, Јан Неруда, еден од најистакнатите ликови во литературните кругови во Чешка во втората половина на 19.век.  
Годинава, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават

Пронајдете не на следниве мрежи: