Како Винер Лајф го мотивира својот тим: Со награди и натпреварувачки дух до кохерентност на тимот

Постојан многу начини и техники да се надмине секојдневната работна рутина и губењето на вештините, работниот процес, продуктивноста и креативноста. Во денешниот кариерен напредок се почеста појава станува синдромот на истрошеност или познат како burnout syndrome. Најчесто причина за истрошеноста и губење на интересот за работа е недостатокот на мотивација. Покрај добрите услови за работа, финансиски надоместок кој е соодветен на квалификациите, вработените треба секојдневно да се мотивираат и нивните работни вештини да се стимулираат.Успешноста на многу компании зависи токму од способноста да изгради ефективен тим. За еден тим да биде максимално посветен на работата, кој што беспрекорно и со леснотија ќе ги исполнува секојдневните обврски, потребна е мотивација за целосно внесување во она кое што е предвидено да го оствари.
Како да се мотивираат и стимулираат вработените?
Винер лајф е интернационална компанија која што доследно ги следи и применува новите трендови во создавање на ефективна, пријатна и продуктивна работна средина. Оваа компанија, за своите вработени има создадено неколку мотивациски техники, преку кои ги стимулираат своите вработени и дополнително ги мотивираат за уште поголеми резултати.
„Во компанијата имаме воспоставено систем на натпревар, но и награди и тоа на повеќе нивоа, дали месечно или квартално. Секое надминување на зацртаните цели и исполнување на резултатите, се наградува. Се следи односно мери, тимската но и индивидуалната заложба и постигнатите резултати. Истакнувањето на некој од тимовите или поединец со постигнатиот успех е проследено со собир на сите вработени и јавно истакнување на победниците. Тие моменти се забавни за целата компанија, тука се вклучени и менаџерите а не само вработените и е еден момент на опуштеност и мал одмор од работата со интерна компаниска забава во текот на работниот ден. После ваквата пауза, сите се враќаме на работа со ведрина и ентузијазам пред се“, изјави Марина Макенаџиева, Менаџер за продажба и внатрешна мрежа во Винер Лајф.
Светските компании применуваат обуки на кои работодавците ги учат техниките и начините за мотивирање на своите работници до тој степен, меѓу себе да се однесуваат како едно големо семејство. Друга техника што оваа интернационална компанија ја применува во поттикнување на својот тим е наметнување на натпреварувачки дух.
„Различните тимови, секој со свое име, се натпреваруваат во постигнување на најдобри резултати. Многу често самите тие си наметнуваат надминување на целите и зголемување на квотите, односно најчесто целта им е не само достигнување на компаниските цели, туку одење над нив и постојано поместување на границата на исполнителноста. Создавањето натпреварувачки дух е дотолку подобро што самите вработени ги создаваат правила и затоа веруваат во исходот и резултатот. Затоа што самите ги поставуваат правила и условите, повеќе се идентификуваат и на тој начин се мотивираат дополнително. Токму затоа еднаш месечно, кога се подготвуваат извештаите, се прогласува и победникот односно победничкиот тим. Кај нас работата не е само исполнување на дневна рутина во професионалните обврски, туку стекнување и други вредности кои што можат да бидат корисни и во секојдневието“, додава Макенаџиева.
Одлуката на една компанија да се води според оваа мисла и да му даде особен приоритет на тимското работење, е дел од секоја успешна бизнис приказна. Основните специфики со кои треба да се одликува секој тим како не би излегол надвор од рамката за успешност, се професионализмот, компетентноста а најмногу од сè кохерентноста на тимот како најзначајна одлика на совршената замисла за тим од соништата. Сè се врти околу заедништвото, но не само заедничкото работење туку и дружење. За корпоративниот развој, сплотеноста на тимот е важна за развивање на колективна идентификација со компаниските цели и постигнување на истите.Успешноста на многу компании зависи токму од способноста да изгради ефективен тим. За еден тим да биде максимално посветен на работата, кој што бес

Пронајдете не на следниве мрежи: