Внесете го летото и приредете вистински летен фестивал преку ентериерот во вашиот дом

Со доаѓањето на летната сезона и топлото време, домот е единственото место кое треба да ни ја понуди потребната релаксација и опуштена атмосфера. Поради тоа, неопходно е да биде светол и релаксиран и уреден соодветно на годишното време.Разладувањето во летните горештини што се чувствуваат и во домот, се постигнувасо задолжителните освежителни пијалаци и разладувачки уреди, но и ентериерот знае во голема мера да придонесе за посакуваната цел. Како и за секоја сезона од годината, така и овој пат, реномираниот италијански бренд Coincasa, преку својата најнова колекција понуди уникатни, впечатливи и разиграни декоративни елементи што ќе доловат и воведат потребната живописност на домот.

Колекција: ESTATE (ЛЕТО)
Летен ветер
Оваa вкрстена колекција е дизајнирана да го долови амбиентот на куќи покрај морето и езерата, со декорации во форма на риби и морнарски стил, но и градски домови со етно мотиви и материјали.
Колекцијата е окарактеризирана со нијанси на интензивна сина и песочна боја, со примеси на црвената нијанса на бела основа.
За мебел штофовите и предметите употребена е прашливата сина боја која што се карактеризира со мали цртежи инспирирани од Медитеранските поплочени и етнички дезени.

На прекривките на масите, чаршафите доминираат морските елементи и симболи, сидра, кормила, риби,корали, морски линии, кои исто така ги декорираат и садовите, сервисите за јадење, чашите и стаклото со бисерен отсјај.
Предметите се карактеризираат со нови занаетчиски вештини отсликани пред се во стаклените вазни, керамиката, корпите, фенерите, огледалата и ѕидните декорации.
Дури и за постелнините и декоративните перници, инспирација се повторно морските елементи, со тонови на сина, песок боја и црвените детали: линиите се измешани со цртежи на риби, бродови како и еднобојните перници изработени од лен или памук.

КОЛЕКЦИЈА: FESTA ESTATE (ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ)
Тропски ритам
Оваа колекција ја карактеризираат светлите зелени, портокалови, циклама и жолти бои, како и дезените со тропска флора и фауна со пресечени линии, форми и силни бои. Цветови на хибискус и папагали, тукани и орхидеи се пресликани на прекривките за маса, садовите, перниците и бањарките.
За уредувањето на градината пак, заслужна е колекцијата Garden Party (Забава во градина) чии главен акцент паѓа врз светлата, светулките и декоративните пластични садови.
Разладувањето во летните горештини што се чувствуваат и во домот, се постигнувасо задолжителните освежителни пијалаци и разладувачки уреди, но и ен

Пронајдете не на следниве мрежи: