Kарванот на Жито маркети „Награди за насмевки“ повторно во Кичево

Карванот на Жито Маркети, „Награди за насмевки“ повторно ќе го посети Кичево. На барање на задоволните граѓани, на 20ти јуни во Жито Маркетот во овој град ќе бидат достапни забавните игри, промоциите и попустите при купувањето. Претходно карванот помина низ повеќе градови меѓу кои Тетово, Велес, Валандово, Прилеп, Неготино, Делчево, Кочани, Гостивар и насекаде интересот на граѓаните беше огромен како и задоволството од добиените награди. Вкупниот број на граѓани и купувачи на Жито Маркети кои го посетиле карванот по градови е околу 40.000, а само во Кичево на карванот се придружиле околу 3.500 посетители.„Масовното присуство на граѓаните доволно говори за потребата од вакви акции како и задоволството од наградите и поволностите што ги нудиме. Затоа повторно се враќаме во Кичево со што карванот ќе го заврши своето патување и наградување за оваа сезона. Но, во блиска иднина спремаме и други новитети со кои повторно ќе ја обиколиме Македонија и кои што ќе придонесат за уште многу радост и изненадувања за сите наши лојални купувачи“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.
Оваа сабота, на 20ти  јуни како дел од настанот граѓаните на Кичево ќе можат да ги искористат поволностите, акциите и попустите што преку оваа акција ги овозможуваат Жито Маркети и да го завртат Тркалото на среќата кое носи вредни изненадувања. Посебна радост ќе биде онаа кај најмладите, кои преку организираната забавна програма ќе добијат голем број изненадувања и можност да се фотографираат во рамки со познати ликови од омилените цртани филмови, како и цртање на лицето со природни бои.„Масовното присуство на граѓаните доволно говори за потребата од вакви акции како и задоволството од наградите и поволностите што ги нуди

Пронајдете не на следниве мрежи: