Доделени наградите на ИКС ДЕНС 2015

На меѓународниот натпревар во кореографија „ИКС ДЕНС“ 2015 кој се одржа на 17. и 18.06.2015. во Центарот за култура во Струга, бројни млади балетски уметници и танчери ги прикажаа своите впечатливи и оригинални кореографии. Жирито во состав Надица Битољану Делиниколова (претседател), Елена Антова Петровиќ и Александра Кочовска- Начева (членови), ги оценуваше учесниците во повеќе танцови дисциплини и возрасни категории, од класичен балет, нео класика, современ балет до народно стилизиран танц и модерни танци.Меѓу лауреатите во класичен балет беа: Меланија Гоцевска, Наташа Трендафилова Гицев, Ева Џингова,Виолета Карајанова, Матеа Каревски, Исидора Китановиќ и Матеј Мицов, како и балетски уметници, ансамбли од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје. Бојана Арсовска е добитник на специјална награда за најнадежен млад талент.
Посебно атрактивни беа кореографиите на лауреатите: Асел Жалбирова, Диана Усатова и танчерите од Академијата за уметност на Казахстан, кои блеснаа во латино ритмите и народно стилизираните танци, како и Хаја Абајев и Алена Малкин од Израел.
„Денс Тим Фјужн“ од Куманово беа меѓу наградените во категоријата современ балет.
По доделувањето на наградите, се одржа и Гала концерт на кој настапија наградените учесници. За странските учесници се организирани екскурзии до Вевчани и Охрид, а организаторите на фестивалот „Икс Денс“, Естрада Мултимедија Центар, се подготвуваат за следните два големи проекти: Хорски Форум и меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“.Меѓу лауреатите во класичен балет беа: Меланија Гоцевска, Наташа Трендафилова Гицев, Ева Џингова,Виолета Карајанова, Матеа Каревски, Исидора Китано

Пронајдете не на следниве мрежи: