Започнува Летниот фестивал на книгата на ТРИ

Под слоганот Патувај, истражувај, уживај… со книга! Издавачкиот центар ТРИ го започнува традиционалниот Летен фестивал на книгата, кој ќе трае од 20 јуни до 31 август.Своевиден празник на книгите и на читањето, тој ќе им овозможи на читателите лето на уживање во нови наслови, на истражување на нови книжевни приказни и на патување низ нови светови. ТРИ во десетте недели од Фестивалот ќе понуди поинакво тематско доживување, започнувајќи со промовирање на најновите изданија објавени на македонски.
Фестивалот ќе продолжи со специјална промоција на трилер-романите, на најдоброто од европската литература, на филмувани наслови, на есенцијалните летни читанки, а за оние што ќе одлучат летото да го поминат читајќи, ќе бидат подготвени посебни тематски пакети, со дополнителен попуст и подарок.
Ова издание на Фестивалот ќе донесе многу новини и многу поволности. Покрај попустот до 70% на сите изданија на ТРИ, фестивалската понуда ќе ја збогатат уште шест други македонски издавачи, чии изданија читателите ќе можат исто така да ги набават по популарни фестивалски цени.
Првата недела на Фестивалот ќе ја одбележат новите изданија – летниот бестселер Лето во Италија од Дејвид Мекфарлан, трилерот Двојна измама од Џејмс Патерсон, популарниот прирачник Зошто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи од Ален и Барбара Пиз, Духови од новиот аргентински мајстор на перото Цесар Аира, новата едиција европски наслови Променада… Освен тоа, на читателите ќе им бидат понудени и огромен број странски и домашни наслови по навистина достапни цени, за вистинско летно освежување и уживање.
Ова издание на Фестивалот ќе биде заокружено со наградната игра која е во знакот на патувањето – сите што ќе ја посетат книжарницата на ТРИ и ќе набават некое од изданијата, ќе имаат прекрасна можност да се натпреваруваат за наградно патување за двајца! Награди ќе им доделиме и на читателите кои преку социјалните мрежи, користејќи го хаштагот #ПатувамСоКнига ќе постираат свои фотографии од патувањата, истражувањата и уживањето во летото со книга од ТРИ. Најдобрите фотографии ќе бидат изложени во Книжарницата ТРИ во Градскиот трговски центар.
Пред нас е лето исполнето со нови, возбудливи наслови и авантури. Со ТРИ, нека биде лето за паметење!Своевиден празник на книгите и на читањето, тој ќе им овозможи на читателите лето на уживање во нови наслови, на истражување на нови книжевни прика

Пронајдете не на следниве мрежи: