„Близу“ ја зголемува мрежната покриеност во Македонија

Покрај промоцијата на своите пакети и услуги во Кочани, од операторот најавија засилени активности поврзани со проширувањето на територијата на покриеност во претстојниот период.Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денес го отвори новиот продажен салон во центарот на Кочани. Отворањето на салонот е дел од активностите кои беа најавувани во изминатиот период, а се однесуваат на проширување на мрежната покриеност во Македонија, како и зголемување на квалитетот на мрежата во градовите каде веќе оперира.
Од денес, граѓаните на Кочани ќе можат да уживаат во популарните пакети со три услуги на „Близу“ со интернет брзини до 150 Mbps, дигитална телевизија со до 170 дигитални канали и најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без претплата, со цени започнувајќи од 749 денари месечно.
„Денешниот ден ќе остане запаметен како почетокот на големите промени во телекомуникацискиот сектор. Првиот град во кој се прошируваме и чие отворање денес го прославуваме е Кочани, каде корисниците подеднакво ќе можат да уживаат во сите бенефити кои ги нуди `Близу`“, изјавија од менаџментот на „Близу“. Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 089 011 011, или пак на www.blizoo.mk.Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денес го отвори новиот продажен салон во центарот на Кочани. Отворањето на салонот е дел од активн

Пронајдете не на следниве мрежи: