Реакција на прес на СДСМ ОО Прилеп 06.06.2015

Почитувани социјалдемократи,токму вашите погубни политики со затворање на фабриките ги избркаа младите од државата.Денес младите се вработуваат во новите фабрики кои се отвораат во Македонија. Во Прилеп, компанијата Гентерм веќе започна со ангажирање на првите 100 прилепчани. Во наредниот период ќе продолжат со вработување и ќе вработат околу 2000 прилепчани. Индустриската зона Алинци засилено се гради и ќе биде спремна и за другите инвеститори кои најавија отворање на фабрики во Прилеп, како германската Акомпласт и италијанската Бузибузи. Тоа е правилна политика и грижа за Прилеп, а не вашето однесување кое брка инвеститори од државата и прави штета на домашните компании.
Денес се инвестира во секоја област во општеството, во образованието во здравството, во патишта и улици, канализација и водоводи. Прилеп од уништен град каков што го оставивте токму вие, денес е еден од најубавите и најразвиените градови во Македонија. Затоа одговорете им на Прилепчани во чии џебови завршуваа парите од граѓаните за времето на владеење на СДСМ што ниту еден проект не се реализираше во градот.
Меѓу другото, добро е да ја посетите и општината каде градоначалник е Заев и да изброите колку палми има тој насадено во Струмица. Па по примерот на вашиот лидер Заев, очекуваме во наредните неколку часа да излезете и да се предомислите за оваа ваша денешна изјава. Тоа е несериозноста која ја покажувате кон градот и кон државата.
Вашето однесување е крајно несериозно за политичка партија која има исклучително сериозна улога како опозиција во државата. Деструктивната политика на СДСМ и нивниот лидер само го потврдува тоа што долго време им го порачувавме, дека е потребно да се реформираат, да заборават на црни сценарија за Република Македонија и преку идеи и проекти демократски да се спротивстават на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. ул. „Прилепски Бранители“ бр. 44 – 7500 Прилеп, www.vmro-dpmne-prilep.org.mk ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет Прилеп ул. „Прилепски Бранители“ бр. 44 – 7500 Прилеп, www.vmro-dpmne-prilep.org.mk
Почитувани сограѓани,
ВМРО-ДПМНЕ е одговорна политичка партија чија цел е силна и развиена Република Македонија, економски силен Прилеп со многу фабрики, развиен и убав град. Во таа насока ќе продолжиме како и во изминатиот период со реализирање на проекти за подобрување на целокупниот живот на граѓаните во Прилеп и во Република Македонија. Нема да дозволиме црните и погубни сценарија на СДСМ да го запрат економскиот развој на нашата држава, да ги запрат инвестициите и новите работни места, да ги запрат инвестициите во образованието, инфраструктурата, здравството и сите проекти за кои граѓаните на фер, слободни и демократски избори, ни дадоа доверба да ги реализираме.
Со почит,
Центар за комуникации,
OK ВМРО-ДПМНЕ ПрилепДенес младите се вработуваат во новите фабрики кои се отвораат во Македонија. Во Прилеп, компанијата Гентерм веќе започна со ангажирање на прв

Пронајдете не на следниве мрежи: