Колку е важна безбедноста и сигурноста на вашето семејство?

На меѓународниот ден на семејството, 15ти мај, треба да станеме свесни за приоритетот – сигурноста на семејството и обезбедување на негова подобра иднина. Како може да се измери вредноста на семејството, како да ја обезбедиме нивната иднина, сигурност и добросостојбата.Еден од начините за обезбедување на семејството е животното осигурување. Свеста за вредноста и обезбедување на иднината на семејството се зголемува со зголемување на потребите на модерниот човек и заштитата на семејството. Од компаниите за животно осигурување, велат дека младите семејства сè почесто купуваат полиси за животно осигурување и семејното осигурување забележува пораст.
Меѓутоа, животното осигурување не е само обезбедување на иднината на семејството и нивна материјална сигурност во случај на несакана ситуација. Тоа е добар начин за заштеда за иднината, како и обезбедување на финансиска сигурност за своето семејство, во поодминати денови.
Од компанијата за животно осигурување Винер Лајф информираат дека во своите понуди имаат пакети кои реално може да си ги дозволи секој граѓанин со просечни месечни примања. Интересен е фактот дека младите лица од 20-30 години се повеќе се интересираат за купување на полиса за животно осигурување.
„3Д е продукт на Винер Лајф осигурување кој нуди целосно покритие во животното осигурување.  До сега е најсеопфатен и најфлексибилен продукт за животно осигурување, кој нуди пред сè поголемо покритие на ризик, повеќе можности за избирање на условите на осигурувањето, поголема флексибилност и поголема заштедена сума на пари. Сеопфатноста се однесува на сегментацијата на разни профили на потенцијални клиенти и потребите на истите  , во кои се опфатени деца,  здрави лица како втора димензија и лица со нарушена здравствена состојба, односно трета димензија. Овој производ во себе содржи елементи на штедење и при случајна смрт на осигуреникот, финансиско обезбедување на членовите на неговото семејство, но исто така и други поволности како осигурување во случај на болест. Тоа што го прави единствен нашиот производот е можноста за дополнителни осигурувања, штедната и заштитна функција за семејството како и можноста да се добие заем во висина на откупната вредност.. Ова осигурување го покрива и дневниот надомест на болнички денови, исто така“, вели Марина Макенаџиева, менаџер за продажба на Винер Лајф осигурување.
Многумина од нас сакаат да веруваат дека во иднина сè ќе биде во ред, но сепак иднината е неизвесна и не знаеме што нè очекува. Со сеопфатноста на овој продукт можат да се заштедат пари за зрелите години и да се создаде капитал за материјална сигурност во иднина. Во текот на годините се одвојува извесна сума на пари според желбите и можностите на осигуреникот и во форма на штедење ја осигурува својата и иднината на семејството. Истовремено во текот на целиот период, животот на клиентот е осигурен.
„За склучување на осигурителна полиса 3Д и обезбедување на иднината на семејството доволно е минимална уплата од 40 денари дневно. Со месечна минимална годишна заштеда, на долг рок тие обезбедуваат сигурна иднина за своите деца, можност за подобро школување, едукација во странство или друг вид на инвестициска компонента“, дополнува Макенаџиева.
Размислувањето однапред за нашата иднина и на долг рок секогаш е исплатлива опција. На тој начин се заштитуваме себеси и нашите најблиски од непредвидливи ситуации и им овозможуваме поздрав и поквалитетен живот. Со многу малку, реално може да си помогнеме многу – треба само да започнеме да промениме некои навики и перцепции и да започнеме да размислуваме за нашата иднина, а не само за моментот и за перцепцијата која ја оставаме пред другите.
 Еден од начините за обезбедување на семејството е животното осигурување. Свеста за вредноста и обезбедување на иднината на семејството се

Пронајдете не на следниве мрежи: