Дивите авантури на славните во Беар Грилс

Беар Грилс повторно е во акција. Овојпат, ни помалку ни повеќе е придружуван од холивудски ѕвезди, славни спортисти и водители, кои ги води да преживеат уникатно искуство во некои од најдалечните и непристапни локации во Америка и во светот.Шест епизоди, шест ѕвезди и шест различни локации. Колку се спремни да одат далеку и колку “лесен” ќе им се чини предизвикот на Зек Ефрон, срце-кршачот од “High school musical”, Бен Стилер, Ченинг Тејтум, Дион Сандерс, Том Арнолд и Тамрон Хејл. Секој од нив, заедно со Беар Грлс, ќе помине 48 часа во суровата дивина исполнета со непредвидени ситуации кој несомнено бараат акција. Секој од нив ќе ја искуси овој посебен тип на авантура која ги зајакнува и духот и телото.
Скокање од хеликоптер, спуштање и искачување по опасни карпи со јаже, преминување на реки, дождови и ветрови, се само некои од ситуациите со кои се соочуваат, a мотото на Беар да се јаде само она што го дава природата, некој ќе го остави со празен желудник.

Секој од свои причини тргнува на оваа авантура, но сите заедно се согласуваат  дека нивната сила и внатрешниот дух се уште треба да го истражат и дека воопшто не биле свесни дека поседуваат толку силна животна енергија. 
Првата епизода може да ја проследите на Discovery каналот во недела, 17 мај во 21 часот. Секоја нова епизода ќе се прикажува секоја недела во истиот тремин.Шест епизоди, шест ѕвезди и шест различни локации. Колку се спремни да одат далеку и колку “лесен” ќе им се чини предизвикот

Пронајдете не на следниве мрежи: