Наместо промотивен материјал за Евровизија 2015 , донација за детската клиника во Скопје

Секојдневно добивам пораки на мојата официјална фан страна, на маил, со апел за помош за нечиј живот, и молба да се сподели линк, или веста.Шокантно е колку многу луѓе имаат потреба за помош, колку се борат за својот живот, особено деца. Тоа те прави да се запрашаш што е приоритено во животот, и како можеш твојата положба да ја искористиш. Ова е главната причина зошто одлучив средствата определени за печатени промотивни материјали да ги намениме за деца и родители кои имаат потреба од помош. Средствата се донирани на Одделот за Интензивна Нега на Детската Клиника во Скопје – изјави Даниел Кајмакоски.
Нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски склучи договор со Детската Клиника во Скопје за донирање на респираторен апарат (Babylog 800) наменет за новороденчиња, најпотребен на предвремено родени бебиња кои не можат да дишат сами. Апаратот ќе се користи на одделот за Интензивна нега и терапија каде се хоспитализираат 350 – 400 пациенти, од кои 85 проценти се новородeнчиња.
Даниел Кајмакоски на својата прва официјална прес конференција во Виена, кога вообичаено се дистрибуираат промотивните материјали, ќе подели картички со свои контакти и линк од својот онлајн прес пакет кој е достапен за сите новинари и фанови.
Линк од онлајн прес пакетот: https://presskit.danielkajmakoski.mk/
Пратете ги сите новости поврзани со Даниел и Евровизија преку официјалната веб страна за наменета само за евровизиски вести:  https://eurovision.danielkajmakoski.mk/  
 Шокантно е колку многу луѓе имаат потреба за помош, колку се борат за својот живот, особено деца. Тоа те прави да се запрашаш што е

Пронајдете не на следниве мрежи: