ОКТА ја подобрува својата оперативна профитабилност и понатаму го зголемува пазарниот удел

Финансиски резултати 1 квартал 2015 годинаОперативните резултати на ОКТА од првиот квартал на 2015 година се подобрени споредено со истиот период изминатата година. Компанијата успеа да го зголеми својот пазарен удел и покрај тоа што нафтениот пазар во земјава не покажува значителни знаци на опоравување. Ова подобрување, комбинирано со зголемувањето на меѓународните цени и понатамошното намалување на трошоците, доведоа до значително подобрување во остварената ЕБИТДАод 86 милиони МКД во првиот квартал од 2015 година споредено со -38 милиони МКД во првиот квартал во 2014 година. Од друга страна, финансиските резултати беа влошени за 50 милиони МКД како резултат на јакнењето на курсот на американскиот долар што доведе до загуба пред оданочување за првиот квартал од годината од 33 милиони МКД. Сепак, овие финансиски резултати се многу подобрени во споредба со минатогодишната загуба од 265 милиони МКД, која што беше оптоварена со програмата за доброволно пензионирање од 174 милиони МКД.
Во исто време, ликвидноста на ОКТА на крајот од кварталот продолжува да се подобрува со расположливите парични средства кои ги надминуваат позајмиците за 135 милиони МКД. Менаџментот очекува ликвидноста да продолжи и да помогне во постигнувањето на целта на зголемување на пазарниот удел и истовремено да ја поддржува инвестициската програма за надградба на инсталациите и за достигнување на најновите стандарди за заштита на животната средина.
Паралелно со унапредувањето на финансиските перформанси, ОКТА останува фокусирана на својата општествено одговорна компонента. Посветена на својата улога во заедницата, компанијата редовно поддржува различни проекти и програми поврзани со здравјето, образованието и заштитата на животната средина. Продолжувањето на националната кампања „Шанса за живот” наменета за донирање на Клиниката за детски болести Скопје, поттикнувањето на вработените да учествуваат во различни хуманитарни акции, како и новиот циклус на проширената практикантска програма, се само дел од активностите што ја потврдуваат посветеноста на ОКТА позитивно да влијае на општеството во целост.
Во 2014 година, ОКТА го комплетираше процесот на трансформација и стана пример за брзодвижечка,  и фокусирана кон потрошувачот, логистичка и трговска компанија. Како една од најголемите нафтени компании во Југоисточна Европа, ОКТА покрива повеќе од половина од потребите за гориво на земјата. Со својата обновена логистичка инфраструктура и проширената мрежа на бензински пумпи низ целата држава, ОКТА има значајна улога во економија на земјата, нудејќи единствена комбинација на квалитетни производи и услуги во енергетскиот сектор.Оперативните резултати на ОКТА од првиот квартал на 2015 година се подобрени споредено со истиот период изминатата година. Компанијата успеа да го

Пронајдете не на следниве мрежи: