Животен простор што штеди време!

За оние кои знаат да препознаат квалитет и единствен концепт на живеење, за оние што се успешни во својата работа и не сакаат да губат драгоцено време, Капитол Резиденс е вистинска и паметна инвестиција.Капитол Резиденс се наоѓа помеѓу булеварот „Јане Сандански“, булеварот „Србија“ и булеварот „Авној“ во епи-центарот на урбаната зона во општина Аеродром.
По многу нешта единствен, Капитол Резиденс се наоѓа над трговскиот центар Капитол Мол, но воедно е вистинско место за спокоен живот. Она што го прави исклучителен, освен идеалната локација е и иновативноста во изградбата, функционалноста, современите технички решенија и несекојдневниот систем на уредување на површините во целиот резиденцијален дел.
Знаејќи дека купувањето на недвижности е една од најважните нешта во животот, Капитол Резиденс со понудата на овие станови сака да им помогне на клиентите да го најдат совршениот дом за себе, по мерка каква што го замислуваат.

Капитол Резиденс се наоѓа на неполни 200 метри од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ за кои децата не треба да преоѓаат булевар или фекфентна улица или околу 400 метри од другото основно училиште „Љубен Лапе“. На само 100 метри е детската градинка „Лале“, а во круг од околу 300 метри се и други две градинки „Бамби“ и „Чекорче“. Во дијаметар од 500 метри се и полициска станица, здравствени домови, речиси сите експозитури на банки, црква, детски парк, пошта, пазар, спортски центар, а на самиот излез од Капитол Мол е и автобуската постојка на 5, 15, 15А, 3, 23 кои гравитираат кон центар, и 35 која оди кон Битпазар.
Капитол Резиденс се одликува со високо ниво на завршни градежни работи, а на располагање се:
-72 ексклузивни стана, студио тип или станови со 3+1 простории
-Беспрекорна звучна и топлотна изолација
– Ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада
-Алуминиумски прозори и врати со термо мост
– Трослојно 4 сезонско стакло со минимален коефициент на губење на топлина
-Затоплување и ладење со фенкојлер единици
-Сигурносна влезна врата
– Бањи со подно греење
-ХХХ паркинг места
-ХХХ висина на внатрешните врати
-ХХХ високи прозори
– Пространи тераси
– Лифт
Капитол Резиденс е наменет за луѓе кои сакаат удобен и современ начин на живот.
Заради динамиката и недостатокот на слободно време, одењето во шопинг е понекогаш тешко да се организира и од тие причини понудата на продавниците во Капитол Мол со над 50 модни брендови е вистинска драгоценост. Тука е и супермаркетот Рамстор, фитнес сала, игротеки, книжарници, менувачница, сервис за миење возила, куглана и многу ресторани и кафулиња. Кратко кажано, брзиот живот бара концентрација на сите дејности и функции, а да живеете во комплексот Капитол Резиденс, значи да ја смените филозофијата на живеење!Капитол Резиденс се наоѓа помеѓу булеварот „Јане Сандански“, булеварот „Србија“ и булеварот „Авној“ во епи

Пронајдете не на следниве мрежи: