УНЕТ слави 20 години постоење, иновации и напредок

Првиот македонски интернет сервис провајдер Унет, вo понеделникот (20.04) на забава за вработените ја прослави својата 20 годишнина. На 20 април 1995 година, Унет ја овозможи првата dial-up конекција, со што Македонија за прв пат и формално се вмрежи во „глобалното село“, а овој датум значи почеток на интернет комуникациите во Македонија.Како прв македонски провајдер, Унет даде огромен придонес во промовирањето на Интернет пристапот на македонскиот пазар. Со брзи и континуирани промени во технологијата и во организацијата на своето работење, Унет ги постави стандардите за квалитет на интернет сервисите во Македонија. Во моментот Унет нуди хостирање со Cloud и VPS хостинг во сопствен дата центар, регистрација и обнова на домени (Унет регистрар) и целосно интегрирани веб решенија.
Во текот на изминатите три месеци Унет по повод 20 годишнината од основањето на компанијата организираше низа на активности, а менаџментот одлучи примат да им даде на проектите за вложување во заедницата и промовирањето на социјалното претприемништво. По тој повод на огранизираната свеченост, беа наградени наставничките и едукатори Весела Богдановиќ и Марина Митевска, кои се прогласени за едни од најкреативните и успешни едукатори од Македонија и конкурираат за престижни светски награди во својата област меѓу првите педесет едукатори во светот.Како прв македонски провајдер, Унет даде огромен придонес во промовирањето на Интернет пристапот на македонскиот пазар. Со брзи и континуирани

Пронајдете не на следниве мрежи: