На светскиот ден на книгата Клубот Матица во Куманово, Библиотека „Тане Георгиевски“ „ДА“ за КНИГА

„Да читаме повеќе за да бидеме подобри луѓе, а мудроста од книгите да ја преточиме во нашето секојдневие. Да читаме повеќе за нашите зборови да бидат полни со убавина, а од зборовите што ги користиме да создаваме само романтични приказни“.Турнејата на книгите „ДА“ за Книга продолжува во Куманово. Покрај успешните настапи во Битола и Велес, од 23-ти април, четврток до сабота, 25 април, читателите во Куманово ќе ја имаат можноста да се дружат со илјадниците наслови и автори од богатата продукција на Клубот. Во и пред платото на Библиотеката „Тане Георгиевски“, ќе бидат одржани и неколку промоции и средби со истакнати македонски автори. Во четврток, на отворањето на Саемот ќе биде претставена едицијата „Античка философија“ објавена во девет книги од акдемик Витомир Митевски. За Платон, Аристотел, Сократ, Доцната антика итн ќе говори проф. д-р Весна Томовска. Во петок, пред читателите во Куманово ќе се претстави младиот Милош Димковски со својот роман „Парада на марионетките“, а во сабота, романот кој сите со нетрпение го очекуваат, приказната која ги освојува срцата на македонските читатели „Бездомникот со златен часовник“ на Верче Карафилоска.
Во подршка на турнејата „ДА“ за Книгата се приклучуваат и соработниците на Клубот од Велика Британија Orion, Paragon, КАКО И Лагуна Клубот од Белград. Читај, патувај, истражувај, откривај…„ДА“ за КНИГАТАТурнејата на книгите „ДА“ за Книга продолжува во Куманово. Покрај успешните настапи во Битола и Велес, од 23-ти април, четврток до

Пронајдете не на следниве мрежи: