ПЛАЧКОВИЦА И КОМПЛЕКСОТ „БЕЛ КАМЕН“ ГИ ПОЛНАТ ЖИВОТНИТЕ БАТЕРИИ

Ако сте љубител на собирањето печурки, лековити билки и шумски плодови, тогаш резервирајте си повеќе од еден ден на ПлачковицаМакедонија со своите природни убавини нуди широки можности за авантуристички екскуризии низ целата година. Позната е како планинска земја, богата со четириесетина планини и планински масиви, па затоа планинарењето во Македонија има потенцијал да стане една од најмаркантните гранки на домашниот туризам.
Како една од планините за рекреација и прошетка која ви го одзема здивот, овој пат,ви ја препорачуваме Плачковица. Пред сѐ, заради нејзината питома распространетост, густите шуми, големиот број на пештери, кањони, реки и водопади, како и на разновидноста на сезонските плодови.Планината е расцепкана со повеќе длабоки речни корита, а реките кои се побројни и побогати со вода на северната страна, имаат длабоки долини и голем надолжен пад со повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци.

На планината Плачковица се наоѓаат и три прекрасни кањони: Камник, Козјак и Зрновка, во кои се наоѓаат нечепнати впечатливи природни убавини. Многумина кои веќе го посетиле кањонот наречен Камник, несебично сведочат за неговата убавина споредувајќи го со убавината на Големиот кањон на Колорадо. За посетителите е обезбедена потребна инфраструктура за непречено и полесно движење до сите кањони.
Меѓутоа, Плачковица не може да се прошета за еден ден. Едно од местата кое заслужува најсрдечна препорака за регенерирање во амбинетот на вистинска пролетна идила е туристичкиот комплекс Хотел и СПА „Бел Камен“. Комплексот се наоѓа на неколку километри од Радовиш, сместен во срцето на Плачковица, сред густите борови и дабови шуми.

– Со темелното реновирање на овој објект, туризмот и бројот на посетители на Плачковица се зголеми. Местото и како тогашното детско одмаралиште имаше потенцијал, но никој не го користеше. Сега, комплексот е причина повеќе да ја посетите Плачковица. Бел Камен е она што и беше потребно на планината повторно да се разбуди и да ги привлече гостите да прошетаат и да ги разгледаат нејзините убавини. Јас и мојата сопруга веќе третпат доаѓаме тука, го користиме чистиот воздух за рехабилитација и уживаме во специјалитетите на кујната од хотелот, – вели Михајло Петревски, адвокат по професија, планинар по хоби и, по сопствено признание, непоправилив вљубеник во македонските природни убавини.

До самиот комплекс „Бел Камен“ може да се дојде со возило, но ако е убаво времето, би било навистина штета да не се искористи чистиот планински воздух и уживањето во природата по патот до хотелот. А, таму ќе може да се напиете кафе или свежо набран чај, да ручате и да пробате од домашниот специјалитет – слаткото од аронија, потоа да се упатите кон истражувањето на Плачковица. Низ планината може да наидете на многу пештери, од кои само пет се истражени и достапни за посетителите. Ако сте љубител на собирањето печурки, лековити билки и шумски плодови, тогаш резервирајте си повеќе од еден ден на Плачковица.
– Пред неколку години, имав проблеми со здравјето, па барајќи начин како да го подобрам без да примам поголеми дози на лекови, решив да послушам совет од еден мој пријател. Да прочитам малку повеќе за лековитите билки и да се упатам кон планината Плачковица, кон природната аптека на Македонија. Тука најдов сѐ што ми треба. Сега здравјето забележливо подобро ме служи, како што може да забележите, а за тоа во еден дел помогнаа билките, но и дел е од планинарењето и чистиот воздух на планината. Конечно, последнава година и кусур има и каде да се преспие ако ве фати ноќта и уморот. Мене хотелот „Бел Камен“ во неколку такви случаи ми бил на располагање, – низ чај и низ муабет ни раскажува Петар Стојанов, пензиониран радовишанец по потекло, а скопјанец по место на живеење.

Пролета како годишно време е најпогоден период за планинарење, бидејќи целата природа се буди во сите нејзини бои и интензивни мириси, температурите не се високи, а денот е подолг. За сето тоа да оди во прилог да се остане и да се истражи повеќе за планинината и за нејзнините скапоцености што ги нуди, треба само да имате желба да се оттргнете од градскиот метеж и да си посветите себеси малку квалитетно поминато слободно време. Ако ви е за одмор, тогаш доволно е да го посетите само хотелот „Бел Камен“ со сите благодети за посетителите, во спојот на луксузот со природата. Покрај спортските терени на отворено, комплексот во својот СПА центар има парна бања, финска сауна, џакузи и салон за масажа. Тука, после планинските патешествија, можете на малку поинаков начин, но еднакво делотворен, да ги наполните батериите во пресрет на предизвиците на секојдневието. 

Македонија со своите природни убавини нуди широки можности за авантуристички екскуризии низ целата година. Позната е како планинска земја, богата с

Пронајдете не на следниве мрежи: