Уште само три дена да ја завршите приказната и да станете дел од Евровизија 2015

“Секојдневно се редат нови цртежи! Изненаден сум од креативноста на фановите и од нивниот интерес ! Остануваат уште три дена до крајот и одвај чекам да ги погледнам сите фотографии со крајот на приказната! “– изјави Даниел Кајмакоски.Вкупно тројца фанови ќе добијат по две карти за првата полуфинална вечер на 19ти мај, во Виена, ќе го бодрат во живо и ќе уживаат во заедничка средба со Даниел Кајмакоски на 20ти мај !
Пред скоро 15 дена Даниел Кајмакоски – нашиот евровизиски претставник ги покани сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за евровизиската песна “Autumn leaves” и да освојат билет за првото полуфинале.
Повикот се затвора за три дена, односно на 20ти април 2015 (понеделник), точно на полноќ.
Погледнете го видеото и следете ги останатите чекори за учество на следниот линк: https://danielkajmakoski.mk/complete-the-story/
Патувањето во Виена за првата полуфинална вечер ќе биде реализирано во соработка со официјалниот партнер – туристичката агенција New Ways of Travel.
Пратете ги сите новости поврзани со Даниел и Евровизија преку официјалната веб страна за наменета само за евровизиски вести: https://eurovision.danielkajmakoski.mk/Вкупно тројца фанови ќе добијат по две карти за првата полуфинална вечер на 19ти мај, во Виена, ќе го бодрат во живо и ќе уживаат во заедничка

Пронајдете не на следниве мрежи: