Групацијата Триглав ја зајакна позицијата во Словенија и ја задржа водечката позиција во ЈИ Европа

Една од најуспешните деловни години за Триглав Осигурување АД, СкопјеГрупацијата Триглав со своето добро работење во 2014 година уште повеќе го подигна нивото на финансиска стабилност, ја зајакна водечката позиција во Словенија и ја задржа цврстата позиција во југоисточна Европа. Показатели на успешното работење во основната дејност се добриот комбиниран количник (96,3 %) и профитабилноста на капиталот од 13,4 %. Чистата добивка на групацијата изнесуваше 85,7 милиони евра, што е за 23 % повеќе отколку во 2013 година, а бруто полисираната консолидирана премија од осигурување се намали за 1 %, на 888,2 милиони евра. Триглав Осигурување, Скопје, како дел од Групацијата Триглав, во 2014 година ја зајакна својата водечка позиција на македонскиот пазар на осигурување (пазарен удел од 17 %). Компанијата во 2014 година обезбеди раст на бруто полисираната премија од 6%, споредено со 2013 година.
Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на вчерашната седница ги потврди годишните извештаи на матичното друштво и на групацијата Триглав за 2014 година и работењето на групацијата го оцени како успешно.
Надзорниот одбор и Управата на Заваровалница Триглав на истата седница формулираа предлог, на акционерите на Заваровалница Триглав да се исплати дивиденда во висина од 2,5 евра бруто по акција. Според наведениот предлог, за дивиденда би се намениле 67% од нето добивката на групацијата Триглав (сопственик на доминантното друштво) за 2014 година.
Групацијата Триглав, како една од водечките осигурително-финансиски институции во југоисточна Европа, минатата година успешно ја играше главната улога на пазарите во Словенија, Македонијаи Црна Гора. Во Словенија го подобри својот пазарен удел за 0,3 процентни поени, постигнувајќи удел од 36,1 %. Во Црна гора нејзиниот пазарен удел изнесуваше 38,2 %. Во Македонија, каде што групацијата работи во доменот на неживотно осигурување, пазарниот удел во овој сегмент се зголеми за 0,24 процентни поени и постигна удел од 17 %. Групацијата најмногу ја подобри својата положба во Србија и тоа за 0,7 процентни поени, а на крајот на третото тромесечје на 2014 година нејзиниот пазарен удел изнесуваше 3,7 %. Ист удел во пазарот имаше и во Хрватска, додека пак во Босна и Херцеговина достигна пазарен удел од 7,6 %. Во Чешка, каде што зависното друштво на групацијата е во постапка на продажба, пазарниот удел во доменот на неживотно осигурување изнесуваше 0,9 %.
На повеќето осигурителни пазари каде што Групацијата Триглав работи, со исклучок на слаби позитивни сигнали, не дојде до значително подобрување на бизнис климата. Повеќегодишната економска и финансиска криза влијаеше на куповните навики и на стопанството. Поради тоа, се намалија квалитетот и нивото на осигуреност во резидентниот и во корпоративниот сегмент, дури и на добро разиениот словенечки пазар, каде што групацијата во 2014 година обезбеди 82,6 % консолидирана осигурителна премија.
Полисираната консолидирана премија од осигурување на групацијата во 2014 година изнесуваше 888,2 милиони евра, што е за 1 % помалку од претходната година. На словенечкиот пазар групацијата забележа намалување од 1 % на полисираната осигурителна премија, којашто на крајот на претходната година изнесуваше 700 милиони евра, при што Заваровалница Триглав имаше обезбедено два проценти помалку премија, а Здравствена заваровалница Триглав пораст од  3%. Пораст на премијата Групацијата постигна и на пазарите во Србија, Македонија и Босна и Херцеговина. Намалување беше забележано во Хрватска, Црна Гора и во Чешка.
Висока чиста добивка и добар комбиниран количник
Групацијата Триглав во основната дејност работеше добро, за што показател е  комбинираниот количник за неживотно осигурување, во вредност од 96,3 %. Групацијата, со чиста добивка од 85,7 милиони евра постигна профитабилност на капиталот од 13,4 % и чистиот деловен резултат од минатата година го подобри за 23 %. На работењето на групацијата најмногу влијаеа два фактора: се уште тешката бизнис клима на повеќето пазари на осигурување на групацијата и извонредно поволните односи на капиталните пазари.
Високо ниво на финасиска стабилност и добри рејтинг оценки
Финансиската стабилност и доброто работење на групацијата Триглав во 2014 година се потврдија со високите бонитетни оценки „А-„ на рејтинг агенциите Standard & Poor's и A.M. Best. Рејтинг оценката на Standard & Poor's има стабилна среднорочна прогноза, додека пак A.M. Best ја подобри среднорочната прогноза од стабилна во позитивна. На високото ниво на финансиска стабилност укажуваат и зголемувањето на севкупната вредност на капиталот за 17 %, како и растот на осигурително – техничките резервации на групацијата за 3 %, споредено со 2013 година.
Намалени пресметани штети
Пресметаните бруто износи на штети на Групацијата Триглав во износ од 615,7 милиони евра се за 2 %  пониски отколку во 2013 година. Бројните штетни настани, на коишто беа изложени повеќето осигурителни друштва на Групацијата Триглав, придонесоа побарувањата за исплата на штети да достигнат 35,7 милиони евра, од коишто 27,3 милиони евра потекнуваат од Словенија. Групацијата Триглав има адекватно реосигурување за овој вид штети, бидејќи има конзервативна реосигурителна заштита. Поради  малата пенетрација на осигурување, бројните случувања на пазарите надвор од Словенија не влијаеа значајно на работењето на групацијата, но имаат големо влијание на куповна моќ на граѓаните на овие пазари, поради загубата на приходи, како и поради инвестициите коишто се потребни за обнова.
Андреј Слапар, претседателот на Управата на Заваровалница Триглав изјави: „Зад нас е година којашто ја обележаа поволни односи на капиталните пазари и се уште тешката бизнис клима во основната осигурителна дејност. Словенечкото стопанство веќе ги покажува  првите знаци на подобрување, а повеќето од државите на југоисточна Европа прикажуваат скромен економски раст, но на пазарите на осигурување се уште се чуствуваат последиците од долгогодишната економска криза. Како добар показател  го оценуваме фактот, дека во 2014 година ја подобривме позицијата на водечката осигурително – финансиска групација на словенчкиот пазар, која во светски рамки е мала, но спаѓа меѓу подобро развиените. Пазарите на осигурување во регионот Адриа спаѓаат во перспективни подрачја, со потенциал за раст, па поради тоа зајакнувањето на нашата позиција и зголемувањето на обемот на работа на овие пазари за нас се значајна стратешка насока. Групацијата Триглав и во иднина ќе ја спроведува планираната стратегија, во чиј фокус е  постигнувањето на што повисок профит, финансиска стабилност и безбедност на работењето. Јадрото на работењето останува во основната осигурителна дејност.  На словенечкиот пазар посебна грижа ќе му посветиме  на здравственото и пензиското осигурување, а на другите пазари во југоисточна Европа ќе бараме нови можности и доследно ќе ги спроведуваме зацртаните активности за раст и развој.„
Јакнење на водечката позиција на македонскиот пазар
Триглав Осигурување АД, Скопје минатата година ја зајакна водечката позиција на исклучително конкурентниот македонски пазар, обезбедувајќи пазарен удел од 17 % во доменот на  неживотно осигурување (0,24 процентни поени повеќе отколку во 2013 година). Компанијата обезбеди раст на бруто полисирана премија од 6%, споредено со 2013 година, којашто изнесуваше 18,6 милиони евра (1,14 милијарда денари). Меѓу останатото, компанијата засилено работеше на проширување на сопствената продажна мрежа и на развој на нови производи, особено во доменот на доброволното здравствено осигурување (во септември 2014 година компанијата доби лиценца за здравствено осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување).
„Една од најуспешните деловни години за Триглав Осигурување АД, Скопје е зад нас. Тоа е година во која ја зајакнавме водечката позиција со пазарен удел од 17 % и остваривме раст на бруто полисираната премија од 6%, споредено со претходната година, додека пазарот на неживотно осигурување во земјата оствари раст од 4%. Во 2014 година Триглав Осигурување Скопје оствари профит пред оданочување за 69% поголем од планираниот, во износ од скоро 1,1 милиони евра (66 милиони денари), а во делот на бруто ликвидираните штети, компанијата повторно имаше најголем пазарен удел. Сето ова укажува на финансиската стабилност на компанијата, чиј главен фокус е понатамошниот развој на сопствената продажна мрежа, којашто во 2014 година обезбеди 15% повисок удел во бруто полисираната премија, споредено со 2013 година.„, изјави Сања Танчевска, Извршен директор на Триглав Осигурување АД , Скопје.Групацијата Триглав со своето добро работење во 2014 година уште повеќе го подигна нивото на финансиска стабилност, ја зајакна водечката по

Пронајдете не на следниве мрежи: