Новитет од „Визер“: Од 14 јуни летајте од Охрид до Лондон

Авиокомпанијата „Визер“ најави дека од 14 јуни, двапати неделно, во среда и во недела, од Охридскиот аеродром ќе има лет до Лондон Лутон, Велика Британија.„Визер“ во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1 јули со лет до Базел Мулхаус – Фрајбург.
Со новата услуга Охрид – Лондон Лутон, „Визер“ во моментов нуди вкупно 21 линија до девет земји од два македонски аеродроми, Скопје и Охрид“.
– Денес на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од два месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денес додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија – изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на „Визер“.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека Охрид е еден од најпопуларните туристички дестинации во Македонија и благодарение на новата директна рута на Wizz Air се подготвени да им посакаме добредојде на многу посетители од Велика Британија во овој регион.„Визер“ во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1 јули со лет до Базел Мулхаус – Фрајбург.

Пронајдете не на следниве мрежи: