70 години од првиот црковно- народен одбор

Македонскиот народ и Татковината чествуваат исклучително значаен настан за Република Македонија.Поминаа 70 години кога Македонскиот народ сплотено одлучи да ја основа Македонската Православна Црква преку обновувањето на древната Охридска Архиепископија. Тогаш повеќе од 300 делегати, свештени лица, претставници на Народниот Фронт со високо национално чувство и патриотизам заклучија дека Црквата мора да биде самостојна и да има свои Македонски епископи и свештенство кои никогаш нема да се потчинуваат на други немакедонски центри на моќ.
Наша обврска е да го славиме овој историски ден за самобитноста на Македонскиот народ и држава.
Македонската Алијанса силно ја подржува религиозноста како духовна вредност на поединецот кој ја негува религијата и вербата во Бога.  Македонците веруваат во Бога и затоа сметаме дека Црквата, секогаш била и ќе остане  подршка на вековните стремежи на народот и Татковината. Вербата, надежта и религијата, низ вековите го прават Македонскиот народ посилен и отпорен на сите премрежија низ кои поминувал. 
Македонската Алијанса секогаш се залагала Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да има посебен привилегиран статус во Републиката, затоа што веруваме дека без силна Црква, нема и не може да има обединета и силна Татковина.
Продолжуваме да даваме целосна подршка на Поглаварот и Светиот Архерејски Синод во сите нивни напори одлучно и обединети со целиот Македонски народ успешно да одговараат на сите надворешни предизвици, со кои за жал се уште се соочува нашата Македонска Православна Црква.
Бог да ја чува нашата Македонија!Поминаа 70 години кога Македонскиот народ сплотено одлучи да ја основа Македонската Православна Црква преку обновувањето на древната Охридска Архие

Пронајдете не на следниве мрежи: