Tумбао Салса бенд подготвени за двата концерта во Универзална сала!

Салса составот „Тумбао Салса Бенд“ деновиве напорно вежба за двата концерти кои ги очекуваат на 04 и 05.03 во Универзална сала во Скопје. Секојдневните проби се само доказ дека сериозно ја сфатија задачата два дена по ред на Скопје да му приредат незаборавно кубанско доживување. 
Спремни се и гостите кои доаѓаат од далечната Куба- составот Азафран Микс.
Картите за овие два концерти може да ги набавите по цена од 350 денари на касата во Универзална Сала и во Југотон ГТЦ, Дежа Ву Капитол, а онлајн на веб страната MkTickets.mk. 
“Среќата со пари не се купува“, „Фато Мори Душманке“, „Рандеву“, „Македонско девојче“ се само дел од песните кои во среда и четврток ќе не разиграат во Универзална Сала. И токму поради динамичноста на музиката и позитивната атмосфера, Тумбао Салса Бенд решија партерот пред бина да биде за играње, наместо класичните места за седење.  
Бидете и вие дел од незаборавното кубанско доживување! Секојдневните проби се само доказ дека сериозно ја сфатија задачата два дена по ред на Скопје да му приредат незаборавно кубанско доживување. 

Пронајдете не на следниве мрежи: