JUNO REACTOR за првпат во Скопје

За првпат во Скопје доаѓа еден од најголемите и најкултните музичари на современата електронска музика. На 21 март во малата сала во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи забава на електронска музика на која свој настап ќе има основачот и централен дел на JUNO REACTOR, легендарниот BEN WATKINS.Juno Reactor е бенд познат по својата филмски фузија на електронска музика, глобални влијанија, и динамичен оркестарски пристап, овој проект е најпознат по соработката со американскиот композитор Дон Дејвис и компонирањето на музиката за филмската трилогија THE MATRIX, но исто така свој потпис ставаат на музика за филмови на многу други филмски остварувања во Холивуд и пошироко. Во фокусот на проектот JUNO REACTOR е BEN WATKINS и неговите соработки со ансамбли на музичари од целиот свет кои постојано се менуваат.
Моменталниот состав на JUNO REACTOR обединува музичари од Израел, Словенија, Индија, Шпанија и Јапонија, буквално од секој дел од земјината топка.
Џуно Реактор беше формиран како уметнички проект на BEN WATKINS во далечната 1990 година со намера да соработува со други уметници, се со цел правење и продуцирање на музика што нема да биде под комерцијално влијание, да се создаде експериментална музика која ќе биде дел од уметнички инсталации и филмски поректи.
Најновиот албум The Golden Sun Of The Great East е осмoто студиско остварување на JUNO REACTOR.
Сите изданија претставуваат светски класици на електронската музика.
Стартот на настанот е предвиден за 22 часот, а исто така освен Juno Reactor на истиот ќе настапат и дјите на Sun Production. Организаторите најавуваат одлично озвучување и осветлување големо ласер шоу, и специјален декор од светски признатиот македонски уметник АФА АДРЕНАЛИН.
Влезници за овој настан може да се најдат во купи карти за се дистрибутивната мрежа, и онлајн на www.nastani.com.mk по супер промотивна цена.Juno Reactor е бенд познат по својата филмски фузија на електронска музика, глобални влијанија, и динамичен оркестарски пристап, овој проект е најп

Пронајдете не на следниве мрежи: