Македонија и Црна Гора ќе делат зaеднички дипломатско-конзуларни простории во Париз

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ е во еднодневна официјална посета на Република Македонија.Министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот црногорски колега Игор Лукшиќ, потпишаа меморандум за колокација на дипломатско – конзуларните претставништва.
-Ни претставува особено задоволство што денес имавме можност да потпишеме Протокол за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва со Црна Гора, а се однесува на нашето диплокатско-конзуларно претставништво во Париз каде што заедно ќе се споделува просторот помеѓу дипломатите од двете земји, подвлече министерот Попски.
Тој додаде дека ова претставува еден пионерски исчекор и еден од првите конкретни примери во регионот каде две земји ќе споделуваат простории и заедно ќе соработуваат во делот на економско, корисно и прагматично решение на дипломатски простор.
-Потпишувањето на договорт за колокација на нашите дипломатско-конзулатнрни претставништва во Париз е важно за нашите две министерства, бидејќи и двете страни имаат значаен интерес, а уште позначајно е кога ова ќе се согледа од аголот на една  регионална пракса која не е честа, подвлече министерот Лукшиќ.
Министерот Попоски подвлече дека многу голем потенцијал има во економската сорабтка помеѓу Македонија и Црна Гора, а за оваа цел планирано е во најскоро време да се именуваат претседатели во Мешовитиот комитет и активирање на таа мешовита група за економска соработка во согласност со договорот за економска соработка.
-Очигледно е дека со овој тип на средби ја потврдуваме желбата за интензивна и многу позитивна сработка помеѓу Црна Гора и Македонија. Во денешниот разговор со колегата Лукшиќ констатиравме дека имаме одлични односи на политчки план, воедно констатиравме дека има потреба од давање на дополнителен поттик за интензивирање на економската соработка, истакна министерот Попоски.
На средбата беа покренати и прашањата од аспект на евроинтегративните процеси на двете земји. Двајцата министри изразија подготвеност и за размена на искуства на експертско ниво, согласно потпишаниот Договор меѓу двете Влади во контекст на процесот на пристапување во ЕУ. Тие исто така изразија задоволство за заедничкиот настап пред Европската Унија во однос на усогласувањето на роаминг регулативата, размената на полициски службеници за време на туристичката сезона, констатирајќи дека плодната соработка во сите ресори се гаранција за успех на секоја идна иницијатива и соработка.Министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот црногорски колега Игор Лукшиќ, потпишаа меморандум за колокација на дипломатско – конзула

Пронајдете не на следниве мрежи: