„БиМилк“ доби нов сопственик, направен чекор за поголеми инвестиции во раст на бизнисот

-Инвестицискиот фонд „Mid Europa Partners” е нов сопственик на „Danube Foods Group” во чиј состав е битолската млекарница „Бимилк“, а купопродажниот договор вреден 575 милиони евра и трансакцијата ќе бидат заклучени во првата половина од оваа година – истакна генералниот директор на „Бимилк“, Златко Најдовски, на денешната прес-конференција во Битола.-Mid Europa Partners имаат огромно искуство во инвестирање и унапредување на работата на многу компании и затоа нивното искуство за нас ќе има големо значење и можност за постигнување на уште поголеми успеси во иднина – предочи Најдовски.
До 2018 година, „Бимилк“ планира да инвестира нови 12 милиони евра кои ќе бидат наменети за постигнување оптимална ефикасност од врвна продуктивност по вработен. На овој начин компанијата ќе ги подобри перформансите на работење и ќе обезбеди сигурен пласман за своите производи на странските пазари.
– Инаку, досегашните инвестиции во млекопроизводството резултираа со раст на откупените и преработените количини на млеко кои во 2014 година беа поголеми за 20 отсто во однос на 2013 година – потврди Најдовски.
Во оваа година „Бимилк“ ќе се фокусира на подобрување на состојбите со производството на овчо млеко, проблем кој, како што рече првиот човек на „Бимилк“, Златко Најдовски, подолго време се провлекува во македонското сточарство.
– ­ Планираме да обезбедиме генетски материјал за овчарските стада со цел кооперантите да имаат можност да го зголемат својот потенцијал и количеството на произведено овчо млеко. Овие инвестиции, како и инвестициите во производствените капацитети, овозможуваат да ја задржиме и зголемиме динамиката на извоз на млечни производи на странските пазари. Оваа година веќе склучивме договори за извоз на рекордни над еден милион килограми млечни производи за Канада и за САД, а доминираат сирењата „пекорино“ и „гравиера“ како и повеќе видови кашкавали – истакна Најдовски. Битолската млекарница „Бимилк“ како општествено одговорна компанија, но цврст партнер и поддржувач на фармерите од Пелагонија кои деновиве се соочуваат со последиците од поплавите додели првична финансиска помош во висина од еден милион денари за општините Новаци и Могила, а помошта ќе продолжи и понатаму – беше истакнато на денешната прес-конференција во Битола.-Mid Europa Partners имаат огромно искуство во инвестирање и унапредување на работата на многу компании и затоа нивното искуство за нас ќе има голе

Пронајдете не на следниве мрежи: