Македонскиот стрип центар е член во мрежата на европсиот форум за илустратори

Според одлука на бордот на ЕВРОПСКИОТ ФОРУМ НА ИЛУСТРАТОРИ одржана последниот викенд во Шведска во асоцијативно членство на оваа мрежа е примен и Стрип центарот на Македонија-седиште Велес.Европскиот Форум на илустратори е слободна мрежа на непрофитни организации и во истата членуваат асоцијации од разни земји од Европа.СЦМ-Велес е првата организација –членка од Балканските земји а токму по нејзин предлог во процедура е вклучување на организации од регионот:Албанија, Косово и др.
Изјава на Томе Трајков-промотер во СЦМ;
„Вклучувањето во оваа мрежа е по добиена покана токму од страна на самиот борд и претставува солидна можност за остварување на натамошни меѓународни контакти на македонските стрип автори.Впрочем, без лажна скромност, ние досега како организација преку Интернационалниот стрип салон и други интернационални проекти отворивме многу врати за соработка со други земји.
Сакам уште да појаснам дека воопшто не претставуваше проблем нашата стриктна определба како организација, а тоа е 9та уметност.Тенка е границата помеѓу илустраторството и стрипот,повеќето од стрип авторите се илустратори.Единствената разлика , според самите автори ,е податокот дека секој илустратор не може да црта стрипови, а секој стрип-цртач е и добар илустратор.“Европскиот Форум на илустратори е слободна мрежа на непрофитни организации и во истата членуваат асоцијации од разни земји од Европа.СЦМ-Велес

Пронајдете не на следниве мрежи: