Отворање на „Винотека Темов“: Ново – стара приказна во градот

Онаму каде што почнува Скопје, бие срцето на старата чаршија- „Винотека Темов“ го прославува своето второ отворање со малку поразличен, но автентичен амбиент.На 12 Февруари, четврток со почеток во 21 часот ве покануваме да дојдете да го почуствувате духот на Скопје, испреплетено со уникатна акустична забава и вкусот на убавите вина. Нов концепт на една старо – нова Скопска приказна веќе добро позната на винските љубители. „Винотека Темов“ ви ветува добра забава, вкусно вино, музика која ќе ве расположи и многу, многу насмевки.
На отворањето специјално за вас, Вера Јанковиќ и 21 ќе ви го одржуваат вниманието во текот на целата вечер. Дојдете, напијте се чаша добро вино, вкусете деликатесна храна, опуштете се со добра музика и вдишете малку автентичност од Старата Скопска Чаршија. Новиот концепт на „Винотека Темов“, со кој ќе стане подостапна за поголем број на посетители, на ваш мерак организира петочно AFTERWORK опуштање со култните звуци на блузот, добро вино и проверено јадење.
Покрај спектакуларното отворање на 12.02, можете да ја проследите и програмата која во која ќе можете редовно да уживате секоја недела:
Програма 12-14.02.2015
Четврток: Големо отварање на Винотека ТЕМОВ
Петок AFTERWORK PARTY-In The Mood Blues Duo 16:00
Петок: Sparkles (Тања Б. & Владимир) 21:00
Сабота: DJ Вера Јанковиќ & Прослава по повод Св. Трифун
Резервирајте на: 072/237-952
Повелете на 12 Февруари заедно да го вратиме сјајот на старата чаршија. Повторно отварање на една стара локација, со нов амбиент и нова приказна.
„ВИНОТЕКА ТЕМОВ“ во срцето на стара чаршија.
На 12 Февруари, четврток со почеток во 21 часот ве покануваме да дојдете да го почуствувате духот на Скопје, испреплетено со уникатна акустична заб

Пронајдете не на следниве мрежи: