Унет – 20 години успешна македонска бизнис приказна!

Првиот македонски интернет сервис провајдер „Унет“, започнува со низа активности со кои ќе ја одбележи 20 годишнината од своето формирање и работење.Одбележувањето на 20-от роденден ќе биде одбележано во наредните три месеци, преку серија на активности, меѓу кои примарно место ќе заземе промовирањето на сервисот Унет веб дизајн, како и реализација на проектот за инвестирање во заедницата. Како општествено одговорна компанија, Унет во соработка со факултетите од областа на ITC, ќе додели целосни стипендии на најдобрите и најталентирани студенти, кои се образуваат на некои од државните технички факултети.
Унет е првиот македонски интернет провајдер, формиран во 1995 година на 20- ти април, датум кој и официјално се смета за почеток на интернет комуникацијата во Македонија. Од формирањето до денес, Унет постојано расте, се развива, и усовршува, притоа следејќи ги најновите трендови, техники и технологии од областа на интерент и техлошоките комуникации.
Забележителна е и улогата на Унет во експанзијата на употребата на Интернет пристапот во Македонија на национално ниво во 1995 година, како и изработката на првата веб страна во Македонија – www.mkd.com.mk.
Во своето портфолио од 2014, година Унет го вбројува и Унет Регистрарот, како комплетен сервис за регистрирање и обнови на сите типови домени. Во моментот Унет ги нуди следните сервиси и услуги: хостирање со Cloud хостинг, регистрација и обнова на домени (Унет Регистрар) и целосен веб дизајн. Слоганот на компанијата за оваа јубилејна 2015 година е 20 години над облаците.Одбележувањето на 20-от роденден ќе биде одбележано во наредните три месеци, преку серија на активности, меѓу кои примарно место ќе заземе промовир

Пронајдете не на следниве мрежи: