Тумбао Салса Бенд со концерт во Универзална Сала и промоција на албум

Македонско-кубанска забава со Тумбао Салса Бенд – концертна промоција на албумот „Бела Салсита“.Доколку сте љубители на латино звуците и на кубанскиот ритам, веднаш знаете кој македонски бенд е уникатен во пренесување на позитивните вибрации од Куба кај публиката пред која настапува. „Тумбао Салса Бенд“ е составот кој моментално е најбаран речиси на секоја прослава, концерт, свадба, фестивали… И тоа токму поради веселата разиграна музика која е заштитен знак на бендот, а самото име Тумбао е всушност основниот ритам во динамичната кубанска музика.
Спојот на салса и македонскиот мелос се покажа како добитна комбинација, а како резултат на позитивниот фидбек од публиката настана албумот „Бела Салсита“ на кој се наоѓаат 11 нумери, од кои неколку преработки на стари македонски песни, неколку авторски и една преработка на стара кубанска мелодија.
Членовите на бендот- Петар Ренџов, Сенад Усеин, Алек Секуловски, Горан Гешовски, Марко де Одорико, Билјана Ѓошева, Мартина Христовска и Арсо Јаневски кои веќе неколку години успешно ја пренесуваат позитивната енергија од една далечна култура ќе пробаат преку својата музика да ни ги донесат кубанските палми песок и море во Универзална Сала, а на македонската публика да ѝ приредат врвно концертно уживање.
Концертот е закажан за 4 март, а на 10 фебруари во ресторанот „Пелистер“ ќе има и официјална промоција на материјалот од албумот, 30 минутен видео материјал снимен во клубот „Миднајт“ како и најава за се она што ќе се случува во Универзална Сала на почетокот на март. Дотогаш уживајте во нивниот последен радио хит:
Доколку сте љубители на латино звуците и на кубанскиот ритам, веднаш знаете кој македонски бенд е уникатен во пренесување на позитивните вибрации о

Пронајдете не на следниве мрежи: