Промоција на „Патот до европскиот врв“

Вчеравечер во голем број на пријатели, фанови и подржувачи на Европскиот шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе се случи премиерата на филмот за сезоната 2014, во која за првпат Иџе се закити со титулата европски шампион во катерогија 1, трки организирани од страна на ФИА. Премиерата на филмот “Патот до Европскиот Врв – Почеток”, исполнет со автентични снимки од сезоната и тестимонијали од луѓето заслужни за успехот на Иџе, ја проследија повеќе од 300 посетители, а за прв пат кино салата во Синеплекс беше преполна и на скалилата на самата сала.

 Игор Стефановски – Иџе е спортистот кој ја одбележа 2014 година. Остварувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот автомобилизам со освојувањето на шампионатот на ридски патеки во категорија 1, прогласувањето за најдобар спортист на Македонија за 2014, прогласувањето за „откритие на сезоната” се само потврда и најава за добрата содржина на документарецот кој наскоро ќе биде проследен на некоја од националните телевизии. Премиерата на филмот “Патот до Европскиот Врв – Почеток”, исполнет со автентични снимки од сезоната и тестимонијали од луѓето заслужни за успехот н

Пронајдете не на следниве мрежи: