Општина Карпош: Новогодишна изложба на честитки!

Во духот на традицоналните Новогодишни и Божиќни празници, вчеравечер, кафулето „Ли“ беше претесно да ги собере љубителите на честитки изработени на хартија во повеќе ликовни техники. Воедно, изложбата беше од продажен карактер, од каде секој присутен имаше можност да ја збогати својата домашна ликовна колекција на пригодни честитки.
За преубавите шаренолики честитки, беа заслужни околу 20-на познати домашни ликовни уметници како Елена Алчева, Илина Арсова, Горан Јованов, Андријана Мациев, Шкипе Мехмети, Марија Светиева, Тони Шулајковски и многу други. Во рамките на новогодишната изложба, празничната атмосфера ја збогатија и младите музички таленти  Галина Кутсенко и Викторија Митеска.
Изложбата беше во организација на одделението за спорт и култура при општина Карпош.Воедно, изложбата беше од продажен карактер, од каде секој присутен имаше можност да ја збогати својата домашна ликовна колекција на приг

Пронајдете не на следниве мрежи: