Нова верзија од играта Фарма- едукативна игра за деца, на македонски јазик

Задоволство ни е да Ве известиме дека македонското студио за мобили апликации Codewell пред една недела ја лансираше својата прва македонска игра за деца од предучилишна возраст за оперативниот систем iOS – Фарма. Воедно, Фарма претставува и прва македонска игра за iPad.Фарма е комплет од игри, од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години. Фарма се состои од 2 игри – меморија и криенка – кои ќе го предизвикаат размислувањето на вашето дете, додека во исто време ќе му овозможат и одлична забава. Играта е одлична за вежбање и подобрување на меморијата на вашите најмили, како и за учење и повторување на буквите од азбуката и читање на едноставни зборови.
Tоа што е најважно, е дека оваа игра е на македонски јазик, што значи дека Вашето дете ќе се забавува додека го слуша и чита мајчиниот јазик.
Во новата верзија на Фарма, во играта меморија додадени се најчестите термини кои се употребуваат за време на празничниот период. Во оваа верзија додадена е и уште една игра – “Бои и бројки” со чија што помош, најмалите ќе можат да ги научат основните бои, како и бројките до 9.
Наскоро во Фарма ќе следи уште една игра: сложувалка – игра која ќе го разбуди логичкото размислување и снаодливоста кај детето.
Играта Фарма можете да ја симнете од официјалната продавница на Apple, т.е. од следниов линк: https://itunes.apple.com/tr/app/farma/id946095432?mt=8
 
 Фарма е комплет од игри, од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години. Фарма се состои од 2 игри – меморија и криенка – к

Пронајдете не на следниве мрежи: