Вашата поддршка прави разлика – Испратете новогодишни честитки и донирајте на здружението Лулка

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца – ЛУЛКА и оваа година Ви нуди честитки со кои може да им ги честитате Новогодишните и Божиќните празници на Вашите деловни партнери од Македонија и од странство, на Вашите клиенти и соработници.Организацијата Лулка веќе 5 години се занимава со поддршка на бремените жени, новородените и предвреме родените и нивните родители, преку програмите за поддршка во текот на бременоста, за промоција на доењето, за темата на предвременото породување, квалитетно родителство итн.
Средствата кои Вашата компанија ќе ги одвои за купување на честитки ќе се искористат за реализација на Програмата на Лулка за 2015 година.
Моделите на честитките за избор ќе ги најдете во прилог (attachment). Димензиите на честитките се 20х20 cm отворени, односно 20х10 cm превиткани на половина. Секоја честитка доаѓа со коверт. Доколку нарачате поголема количина, може од внатрешната страна може да се испечати Ваше лого, порака и слично без промена на цената. Доставата во Скопје е бесплатна.
Продажната цена на една честитка е 40,00 МКД. Плаќањето е преку фактура. Здружението Лулка не е ДДВ обврзник.
За повеќе информации и за нарачка може да се обратите на оваа маил адреса ([email protected]) или на тел. 078/377-791.Организацијата Лулка веќе 5 години се занимава со поддршка на бремените жени, новородените и предвреме родените и нивните родители, преку програмит

Пронајдете не на следниве мрежи: